Филмови кои вреди да ги изгледате во февруари

Повеќе од очигледно е дека оваа година можеме да очекуваме одлични филмови за гледање, а што ќе имаме можност да погледнеме во февруари?

10-filmovi-koi-vredi-da-gi-izgledate-vo-fevruari-01.jpg

Од суперхерои до супермодели, што ќе гледаме овој месец?

1. „Hail, Caesar!“

Во новиот филм на браќата Коен ќе имате можност да ги погледнете некои од омилените актери како Скарлет Јохансон и Џорџ Клуни во интересен заплет - позната холивудска ѕвезда е киднапирана за откуп. Приказната се случува во Златното доба на Холивуд.


2. „Southbound“

Во овој хорор филм пет приказни наоѓаат заедничка основа како што 5-те ликови за кои се врзуваат овие приказни, се сретнуваат со своите најдлабоки стравови на напуштен автопат.


3. „Deadpool“

Овој долгоочекуван акционен филм ја раскажува приказната за Вејд Вилсон, агент кој подлегнува на експериментална процедура за да го излечи ракот. Како резултат на операцијата тој добива супермоќи и многу мрачна смисла за хумор.


4. „How to Be Single“

Дакота Џонсон во сосема поинакво издание од она жешкото во филмот „Fifty Shades of Grey“. Оваа романтична приказна го прикажува животот на младите луѓе во Њујорк.


5. „Nina Forever“

Филм чија приказна се врти околу чудниот триаголник меѓу Роб, неговата почината девојка Нина и новата љубов Холи. Роб по сообраќајната несреќа на неговата девојка, конечно одново се вљубува во негова колешка, но Нина се враќа и ги прогонува тогаш кога најмалку посакуваат...

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 дистописки филмови што ќе ве натераат да размислувате Interstellar, V for Vendetta и Blade Runner 2049 се сметаат за едни од најдобрит...
Филмски премиери кои со нетрпение ги очекуваме во 2024-та Долгоочекуваното продолжение на Dune, но и биографскиот филм за Боб Марли – Што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg