Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Спартакус и уште 4 ТВ серии за оние кои сакаат историја

Ако сте љубител на историските ТВ серии, веројатно веќе имате неколку омилени серии, било да се работи за долги или мини серии. 

Najdobrite-istoriski-tv-serii

Убавината во историските серии, освен што можете да научите нешто повеќе за одредениот период од историјата, за вистинските личности кои живееле, одредените настани, можете да уживате и во прекрасните сценографии, шминки и костимографии.

Ова се неколку најдобри историски ТВ серии кои вреди да се гледаат:

Викинзи

Приказната нè води до деветтиот век во северниот дел на Европа, каде што луѓето живеат од грабеж, гладни, боси и сиромашни. Главната приказна се врти околу Рагнар, викинг кој оди на патување. Неговите откритија ќе предизвикаат многу промени во општеството.

Серијата е има посветено многу внимание на веродостојноста. Тука нема да гледате фантастични и нереални сцени. Доколку сте љубител на средниот век и на викинзите, оваа серија ќе ве воодушеви.


Спартакус

Како што можете да претпоставите приказната ја раскажува приказната за познатото востание од првиот век пред нашата ера. Серијата историската позадина ја користи како скелет, голем број на ликови се вистински историски личности, но приказната е измислена.

Се работи за интересна и пред сè тажна приказна. Енди Витфилд, актерот кој го глумеше Спартакус во првиот дел од сезоната почина од рак, па го замени Лијам Мекинтаер. Додека првата сезона ги следи настаните во и околу гладијаторските арени на градот Капуа, втората и третата сезона го следи востанието.


Дедвуд

Сигурно сте слушнале за златна треска која кон крајот на 19-от век која ги потресе сиромашните Американци. Дедвуд е нетипична приказна за дивиот запад. Серијата ја следи реалната приказна за животот на луѓето во еден мал град во развој, Дедвуд. Приказната е измислена, но сепак се појавуваат и  познати историски личности во неа, како Дивиот Бил.


Здружени браќа

Ова е дефинитивно една од најдобрите адаптации на секоја војна. Приказната ја следи групата на војници во 1942-та година, до крајот на Втората светска војна. Целата серија е создадена од вистински приказни и сеќавања на учесниците кои се појавуваат во секоја епизода.


Рим

Приказната е преклопување на вистинските историски личности од крајот на Империјата (Цезар Октавијан Август), актуелните настани од тој период и фиктивната приказна за луѓе кои беа вистински историски личности.

Двајца легионери на Цезар, Луциј и Тит по неколку години се враќаат во Рим од Галија. Приказната го следи нивниот секојдневен живот, проблемите, стравовите и соништа.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови кои треба да ги гледате кога ви треба промена во животот Кога се борите да излезете од моменталната ситуација, изгледајте го The Pursuit ...
Чудни анимирани џуџиња, конфликт меѓу главните актерки: Зошто новиот филм за Снежана ќе биде „пропас... Уште откако беше најавен, играниот филм за Снежана во продукција на Дизни се соо...
Најсмешните твитови за второто продолжение на Joker: „Сакам да ми ги вратат парите и времето што ги ... Второто продолжение на Joker, кое е мјузикл, се соочува со негативни критики, а ...
Што е Studio Ghibli и од каде потекнува виралниот (и контроверзен) тренд со AI генерирани слики? Сликите генерирани со AI што деновиве ги гледаме насекаде се инспирирани од филм...
Еден филм што мора да го изгледате, според хороскопскиот знак Ракови, за вас семејството е најважното нешто, а главниот фокус во Little Women ...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg