Започнете го јуни со одлични серии на Pickbox

Pickbox и оваа година е една од најдобрите платформи кога се во прашање новите серии. Освен што на екраните ги донесе Пол Џијамати и Демијан Луис во „Милијарди“, Фифти Сент во серијата „Моќ“, Били Боб Торнтон во „Фарго“, тука се и три одлични серии со кои ќе сакате да го поминете јуни.

zapocnete-go-juni-so-odlicni-serii-na-pickbox-01.jpg

Подгответе се за многу нови епизоди зашто на 1.6. доаѓаат втората и третата сезона на „Црни едра“ (Black Sails), крими-серијата „Смрт во рајот“ (Death in Paradise) која се одвива во тропските области, како и драмата „Изопачено“ (Twisted).

Втората сезона на „Црни едра“ е полна со изненадувања

Ако сѐ уште не сте успеале да се закачите на најдобрата пиратска серија во историјата, ова е идеално време да се префрлите во пиратско расположение и да се одомаќините со екипата на брадестите неранимајковци од серијата „Црни едра“.

Втората сезона во вашите домови ќе истовари многу авантури, насилство, пресметки на копно и на море, а секако дека ќе има и голотија затоа што пиратите многу сакаат да посетуваат голи дами во борделите додека се на копно.

Тие што ја гледале првата сезона, ќе знаат која е намерата на капетанот Флинт (Тоби Стивенс) и неговиот екипаж, каде ќе се најдат на крајот од првата сезона и што ќе им ги загрози плановите, а оние што уште немаат гледано ништо, само нека знаат дека автентичната атмосфера и комплексните заплети ќе ги однесат директно во 1715 година, уште подлабоко во минатото отколку „Островот со богатството“.

zapocnete-go-juni-so-odlicni-serii-na-pickbox-02.jpg

Тропска детективска загатка

Баш како и „Црни едра“, и детективската серија на Би-би-си, „Смрт во рајот“ се случува на Карибите. Поточно, на островот Сен Мери кој, со оглед на бројот на жители, има необично голем процент на убиства годишно. А поради тоа што островјаните не знаат да се справат со толкуте убиства, на островот пристигнува еден британски ексцентрик (Бен Милер) кој мрази песок, сонце и сето она што го прави островот идеална туристичка дестинација. Човекот што сред лето носи костуми и не го поднесува островскиот живот е детектив со совршена интуиција за убијците и криминалците.

Оваа тропска криминалистичка драма по епизода ја гледаа и до 8,5 милиони луѓе, а на Pickbox од 1.6. се достапни дури четири сезони. Секоја епизода ве чека по едно таинствено убиство, а освен многу напнатост, можеме да ви ветиме и многу сонце.

zapocnete-go-juni-so-odlicni-serii-na-pickbox-03.jpg

Тинејџерска драма што не е тоа

Замислете тинејџерска серија која не е само за тинејџери и која итро и паметно гради мистерија околу убиства. Ако додадете уште и комплицирано и таинствено момче како Дени (Аван Џоги) кој има крваво минато, па уште неколкумина тинејџери кои нешто кријат, ќе ја добиете „Изопачено“ – итра серија за едно момче кое на 11 години ја убило својата тетка и кое по пет години го сомничат за уште едно убиство.

Оваа серија е достоинствено продолжение на паметните тинејџерски трилери кои понекогаш умеат да заплашат со мрачната атмосфера, но кои се вистинско уживање да ги гледате.

Задржете го здивот и фрлете се на комплетната серија која гарантирано ќе ја изгледате за само неколку дена.

Би можело да ве интересира:

10 филмови чиј крај ќе ве остави со повеќе прашања, отколку одговори Cloud Atlas е филм кој не се објаснува и треба да го изгледате, можеби и двапати...
Змејови, епски битки и суперхерои – Кои се најскапите серии на сите времиња? Веќе неколку години светските стриминг сервиси трошат цело богатство за снимање ...
10 ретро филмови што ќе ве потсетат на поубави времиња Casper, Fluberr и The Flitstones се само дел од филмовите што ги гледавме пред, ...
7 филмови и серии кои ги надминаа книгите според кои се снимени Читателите обично не се задоволни кога се прават филмски или телевизиски екраниз...
10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија Дали сонувавте да имате моќ како Пру, Пејџ и Фиби од Charmed? А, дали се сеќават...
8 филмови на шпански јазик кои не смеете да ги пропуштите Факт е дека сме навикнати на холивудски филмови, но овие фасцинантни филмски ост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg