Нови филмови од 2019 година совршени за летната сезона

Не претставува изненадување што премиерата на овие филмови беше закажана пред почетокот на летната сезона. Голем дел од нив се скроени токму за најопуштеното годишно време.

Novi-filmovi-od-2019-sovrseni-za-letnata-sezona-01.jpg

Во листата ќе пронајдете филмови од повеќе жанрови – комедија, мистерија, акција, анимиран филм… и совршено ќе си ги пополните празнините во летната агенда:

Long Shot (2019)

Фред е надарен млад новинар со слободоумен дух кој често пати запаѓа во неволји. Шарлот е една од највлијателните жени во светот – паметна, софистицирана и успешна политичарка. Кога Фред случајно ќе налета на Шарлот тој сфаќа дека таа е неговата поранешна бејбиситерка и неговата прва љубов во детството.

Dumbo (2019)

Малото слонче Дамбо се раѓа со енормно големи уши. Тој е мета на исмејување и понижување сè додека не открие дека може да лета со нив. Носејќи му огромна слава на својот матичен циркус, интересот за слончето Дамбо почнува да расте.

The Beach Bum (2019)

Мундог е опуштен, прилично забавен човек кој ужива да пуши марихуана, да пие пиво и да ужива во сончевата Флорида. Доколку би ги оставил своите пороци настрана, тој има доволно талент да ја заврши својата новела која има потенцијал да стане следниот американски класик.

Pokémon Detective Pikachu (2019)

Детективот Хари Гудман мистериозно исчезнува. Неговиот 21-годишен син Тим се обидува да открие што се случило со неговиот татко. Во потрагата му помага поранешниот Покемон партнер на татко му, неодоливиот детектив Пикачу.

The Aftermath (2019)

Во 1946 година Рејчел Морган пристигнува во руинираниот Хамбург и повторно се спојува со нејзиниот сопруг Луис, британски полковник задолжен за повторната реконструкција на уништениот град. Упатувајќи се кон својот нов дом, Рејчел открива дека истиот го делат со претходните сопственици – германски вдовец и неговата проблематична ќерка.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg