Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нови филмови од 2019 година совршени за летната сезона

I Am the Night (2019)

Драма инспирирана од вистински настан кој ја раскажува приказната на тинејџерката Фауна Ходел која била дадена на посвојување веднаш по раѓањето. Вистината за нејзиното потекло никогаш не ѝ правела никаква разлика на Фауна, сè додека еден ден не открие нешто што ќе ја натера да преиспита сè што дотогаш знаела во животот.

Murder Mystery (2019)

Апсолутниот хит на Нетфликс кој го изгледаа над 30 луѓе за само 3 дена го има победничкото дуо во главните улоги: Адам Сендлер и Џенифер Анистон. Тие тргнуваат на патување низ Европа, кога мистериозен, богат странец ги кани да бидат негови гости на огромна, луксузна јахта.

https://www.youtube.com/watch?v=hVkNPhk4I-c

Escape Plan: The Extractors (2019)

Реј Бреслин се најмен да ја спаси киднапираната ќерка на богат могул од Хонгконг која ја држат заробеничка во поранешен латвиски затвор. Девојката на Бреслин е исто така помеѓу киднапираните. Проблемот е во тоа што киднаперот е синот на поранешниот бизнис партнер на Бреслин.

Toy Story 4 (2019)

Вуди, Баз Лајтјир и останатиот дел од играчките заминуваат во нова авантура со Бони и нова играчка која се вика Форки. Патувањето добива неочекуван тек кога Вуди повторно се среќава со неговата одамна изгубена пријателка Бо Пип.

The Sun Is Also a Star (2019)

Даниел и Наташа случајно се сеќаваат и инстантно се вљубуваат во еден навидум сосема обичен ден во Њујорк. Искрите летаат помеѓу нив двајца, двајца странци кои можеби никогаш немало да се сретнат доколку судбината не им дала мал поттик.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
„Чекавме 3 години за овој ужас“: Критики за втората сезона од Squid Game + најзабавните мемиња за се... „Само што ја завршив втората сезона и е толку ужасна, што плачам. Сите елементи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg