Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хорор филмови кои со нетрпение ги очекуваме во 2020-та

Изгледа дека 2020-та ќе биде година на одлични хорор филмови. 

horor-filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ochekuvame-vo-2020-ta-01.jpg

Годинава ќе имаме можност да погледнеме неколку продолженија на омилените хорор филмови, неколку римејкови, но и неколку оригинални наслови.

Во кината ќе има од сѐ по нешто, и тоа за сечиј вкус.

Погледнете ги хорор филмовите кои со нетрпение ги очекуваме годинава:

Underwater

Приказната е сместена во подводна истражувачка станица, лоцирана 11 километри под површината на океанот.

Главната улога ѝ припаѓа на Кристен Стјуарт, а таа и целиот екипаж треба да се справат со мистериозното суштество кое само сака да им наштети.

Премиера: 10 јануари

The Turning

Многумина имаат високи очекувања за овој филм, најмногу бидејќи на него работеше легендарниот Стивен Спилберг.

На оддалечен имот во Мејн, една дадилка треба да се грижи за две морничави деца. Набрзо дознаваме дека и имотот и децата кријат мрачна тајна.

Премиера: 24 јануари

Gretel and Hansel

Ова е морничав осврт на познатата приказна за Јованче и Марика.

Приказната ви е веќе позната – децата често одат во шумата по храна или за да му помогнат на семејството. Но, еден ден, завршуваат во куќата на една вештерка која има свои планови за нив.

Премиера: 31 јануари

Fantasy Island

Ова е еден вид римејк на старата истоимена серија и раскажува за мистериозен остров каде што сите фантазии стануваат реалност.

Пораката на филмот најверојатно е „Внимавај што посакуваш, бидејќи може да се оствари.“

Премиера: 14 февруари

Brahms: The Boy II

На многумина им се допадна првиот дел, а ако истото важи и за вас, годинава ќе имате можност да го погледнете продолжението.

Ова е класичен модерен хорор филм со многу страшни сцени и морничава музика. Ако сте фан на „олд скул“ хорор филмовите, нема да погрешите со овој.

Премиера: 21 февруари

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 филмови што со нетрпение ги очекуваме во првата половина од 2025-та Last Breath кој е снимен според морничава, но и фасцинантна вистинска приказна, ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg