Најголемите фаворити за Оскар низ годините на кои им беше „украдена“ наградата

Goodfellas

Година: 1991, 63-то доделување

Изгуби од: Dances With Wolves

Ако сакате „мафијашки“ филмови, нема да погрешите со Goodfellas. Ова е едно од многуте ремек-дела на Мартин Скорсезе и уште на никој не му е јасно како изгуби од Dance With Wolves.

Pulp Fiction

Година: 1995, 67-мо доделување

Изгуби од: Forrest Gump

Приказната за Форест Гамп е одлична, но не е ништо невидено. Pulp Fiction, од друга страна, како да поплочи нов пат во кинематографијата.

Со овој филм Тарантино само потврди дека е еден од најдобрите режисери во светот.

Fargo

Година: 1997, 69-то доделување

Изгуби од: The English Patient

Браќата Коен, заедно со легендарниот Роџер Дикинс, направија смешна, но насилна приказна што ретко ја гледаме на екран. Филмот е толку добар што инспирира и цела серија сместена во тој свет.

The English Patient, од друга страна, е веќе видена приказна за драматична љубовна афера.

Saving Private Ryan

Година: 1999, 71-во доделување

Изгуби од: Shakespeare in Love

Уште едно дело на Стивен Спилберг што го изгуби Оскарот. Saving Private Ryan ни дава неверојатен увид во Втората светска војна и со причина ќе остане запаметен како еден од најдобрите воени филмови на сите времиња.

Gangs of New York

Година: 2003-та, 75-то доделување

Изгуби од: Chicago

Песните и перформансот во Chicago дефинитивно се за пофалба. Но, не се ни споредува со Gangs of New York на Скорсезе и изведбата на Даниел Деј-Луис.

Овој филм за две противнички банди беше номиниран во дури 10 категории.

Brokeback Mountain

Година: 2006, 78-мо доделување

Изгуби од: Crash

Многумина веруваат дека темата на филмот (љубов помеѓу двајца мажи) е причината што не доби Оскар.

Сепак, секој се сеќава на Brokeback Mountain, а многумина воопшто го немаат ни изгледано Crash.

There Will Be Blood

Година: 2008, 80-то доделување

Изгуби од: No Country for Old Men

И двата филма се вистинско ремек-дело, па навистина е тешко да одлучите кој е подобар. Оскарот на No Country for Old Men е дефинитивно заслужен, но There Will Be Blood е најдобриот филм на Пол Томас Андерсон.

За жал, мораше да се натпреварува со навистина голема конкуренција.

Call Me by Your Name

Година: 2018, 90-то доделување

Изгуби од: The Shape of Water

Гиљермо ни раскажа навистина интересна бајка со The Shape of Water, но Оскарот му припаѓаше на Call Me by Your Name. Изведбите на Тимоти Каламет и Мајкл Стулбарг не оставија никого рамнодушен.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg