Заврши првиот European Film Challenge во Македонија – победникот ќе оди на Берлинале 2020

Изминатава есен за прв пат во Македонија, беше организиран европскиот филмски предизвик, или European Film Challengе, а на почеток на годинава прогласена е победничката што ќе отпатува на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин – Берлинале 2020.

zavrshi-prviot-european-film-challenge-vo-makedonija-pobednikot-kje-odi-naberlinale-2020-01.jpg

Моника Зафировска е прва на листата на учесници во предизвикот, со најголем број на освоени поени, или вкупно 106 поени. Филмовите ги гледала на филмските фестивали во Македонија и на легалните VOD платформи - што и’ донело бонус поени и значителна предност пред останатите учесници.

Кон крајот на месец февруари, таа ќе отпатува во Берлин, каде ќе и’ се придружат и останатите победници од другите земји каде есенва се случуваше European Film Challenge. Тие се подготвуваат да присуствуваат на светските премиери што ќе се случуваат годинава на Берлинале, како и на многу забави и  дружење со европската филмофилска заедница.

zavrshi-prviot-european-film-challenge-vo-makedonija-pobednikot-kje-odi-naberlinale-2020-03.jpg

„Моника не само што ужива да гледа филмови, има планови и да прави филмови. Сака да се запише на режија, а голема инспирација и' се жените во филмската индустрија, особено успесите на Теона Митевска и Тамара Котевска! Среќни сме што ја запознавме Моника и среќни сме што во првиот #EuropeanFilmChallenge имаме вистински филмофил за победник!“ – изјавија од организацијата на European Film Challenge, што во Македонија го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21, со поддршка од програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската Филмска Индустрија.

Почнувајќи од 25ти октомври до 10ти јануари, учесниците во европскиот филмски предизвик се регистрираа на официјалната страница и ги запишуваа своите поени од гледаните филмови во трка за главната награда - билет за филмскиот фестивал во Берлин – Берлинале 2020.

zavrshi-prviot-european-film-challenge-vo-makedonija-pobednikot-kje-odi-naberlinale-2020-02.jpg

Првиот циклус заврши, но следуваат нови предизвици од European Film Challenge во 2020 година – билет за престижниот филмски фестивал во Кан и за Венеција Филм Фестивал.

Следете ги каналите на European Film Challenge на социјалните мрежи и бидете во тек со најновите информации за предизвиците и наградите што следуваат.

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg