Најдобрите филмови за вселената за сите обожаватели на научна фантастика

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од вселената, а својот восхит го одразувале во различни форми на уметност. 

najdobrite-filmovi-za-vselenata-za-site-obozavateli-na-naucna-fantastika-01.jpg

Затоа, денес имаме еден куп научно фантастични филмови кои се занимаваат со оваа тематика. Ако сте обожавател на овој жанр, сигурно веќе ги знаете овие филмови, а веројатно имате и омилени.

За оние кои допрва треба да го истражуваат овој жанр, еве неколку препораки:

2001: A Space Odyssey

Не само што ова е еден од најдобрите научно фантастични филмови, туку Space Odyssey е генерално еден од највлијателните филмови во историјата. 

И пет децении по објавувањето, овој филм го привлекува вниманието на публиката во секоја смисла - од визуелен израз, до тематски приказ.

Interstellar

Веднаш по неговата преимера, Instelstellar беше споредуван со горенаведената класика. Сепак, фокусот на филмот е на различни аспекти.

Метју Меконахи е маестрален во главната улога, а целото искуство е засилено со фактот дека филмот е направен во соработка со теоретски физичар.

Moon

Дебито на Данкан Џоунс освои одлични критики, и тоа заслужени. Сем Роквел е брилијантен како астронаутот на Месечината, кој е единствениот член на мисијата, покрај вештачката интелигенција.

Gravity

Ова е напнат вселенски трилер со само двајца актери, кој освои Оскар за најдобри визуелни ефекти. Сандра Булок и Џорџ Клуни глумат двајца астронаути, чија мисија не оди по план.

Hidden Figures

Ја слушнавме приказната за одење на Месечината од повеќе перспективи, но овој филм раскажува приказна која порано беше непозната за јавноста.

Хероините на филмот се математичарки и инженерки кои работеле во НАСА и им овозможиле на луѓето да стигнат до Месечината.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg