20 филмови од 90-тите што вреди да ги изгледате барем еднаш

90-тите беа една од најдобрите децении за филмската индустрија, па нема да погрешите со кој било филм од овој период.

20-filmovi-od-90-tite-shto-vredi-da-gi-izgledate-barem-ednash-01.jpg

Големи блокбастери, прекрасни адаптации, Стивен Спилберг, првите филмови на Pixar… ова е деценија што навистина може да понуди многу.

А, бидејќи може да биде тешко да се одлучите помеѓу толку многу одлични избори, погледнете ги култните филмови од 90-тите што мора да ги изгледате барем еднаш:

Good Will Hunting

Ова е филмот што ги направи Мет Дејмон и Бен Афлек популарни. Кога на ова дуо ќе го додадете и Робин Вилијамс, добриот резултат нема да изостане.

Филмот е приказна за чистачот Вил Хантинг, кој е всушност математички гениј.

Liar Liar

Постојат многу одлични филмови со Џим Кери од 90-тите, но „Liar Liar“ е комедија што ја сакаат сите.

Филмот ја следи приказната на едно мало дете и неговиот татко лажго. На својот роденден, детето посакува татко му да не може да лаже, и на негово огромно изненадување, желбата му се исполнува.

Spice World

Во овој филм се појавуваат култните Spice Girls. Филмот е фикција и опфаќа неколку денови од животот на девојките, кои завршуваат со концерт во Лондон.

Во денешната ера на документарци за суперѕвезди, Spice World ќе ви биде вистинско освежување.

Happy Gilmore

Адам Сендлер го гледаме во улогата на Хепи, аматерски хокеј играч кој се претвора во професионалец за играње голф.

Fight Club

Сите го знаат првото правило на „тепачкиот клуб“. Во четвртиот филм на Дејвид Финчер, имаме можност да ги видиме Едвард Нортон, Бред Пит и Хелена Бонам Картер, кои се совршен избор за приказната со навистина интересен пресврт.

Lord of the Flies

Направен според истоимената книга, овој филм е приказна за преживувањето на најсилните.

Зарем има подобар начин да се истражи човечката природа, од гледањето што се случува откако неколку млади момчиња ќе завршат на пуст остров и се обидуваат да преживеат?

Malcolm X

Можеби овој филм не е за оние емотивните, но дефинитивно е еден од најдобрите автобиографски документарци.

Филмот ја раскажува приказната на афро-американскиот активист Малколм Екс и е направен според книгата The Autobiography of Malcolm X. Главната улога му припаѓа на Дензел Вашингтон. 

Reservoir Dogs

Можеби Тарантино не го доби потребното признание сè до „Pulp Fiction“, но вреди да го изгледате и „Reservoir Dogs“. Всушност, ова е филмот што му го поплочи патот до успехот на режисерот.

Edward Scissorhands

„Edwards Scissorhands“ е четвртиот филм на Тим Бартон и е уште една негова соработка со Џони Деп и Винона Рајдер.

Ако сакате слатка, необична и малку морничава приказна, нема да погрешите со овој филм.

Heavenly Creatures

Веројатно денес не би постоеле „Lord of the Rings“ и „Titanic“ без овој хорор.

Имено, „Heavenly Creatures“ е филмот што му донесе холивудска слава на Питер Џексон, но и номинација за Оскар за најдобро оригинално сценарио.

Во главната улога е Кејт Винслет – само уште една причина да го изгледате филмот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg