Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Помалку познати филмови со Бред Пит што секој фан би требало да ги изгледа

Слободно можеме да кажеме дека Бред Пит е еден од најпознатите, но и еден од најдобрите актери кои сме ги виделе во последно време.

pomalku-poznat-filmovi-so-bred-pit-shto-sekoj-fan-bi-trebalo-da-gi-izgleda-01.jpg

Актерот може да се пофали со многу импресивни филмски проекти, но бил дел и од некои помалку познати филмови, на кои сепак треба да им дадете шанса.

Ако се нарекувате вистински фан на Бред Пит, тогаш морате да ги погледнете и овие негови филмови:

The Dark Side of the Sun (1988)

Ова е филм на југословенскиот режисер Божидар Николиќ, кој всушност го откри талентот на Бред Пит. Тогаш 25-годишниот актер се натпреварувал со 400 други кандидати, но режисерот го одбрал токму него.

Во филмот, Бред глуми млад човек по име Рик кој страда од ретка болест на кожата, поради која не може да се изложи на никаква светлина, особено не на сончева. Па, тој се обидува да најде лек.

https://www.youtube.com/watch?v=KWpGVXwEZj4

Cool World (1992)

Овој филм е комбинација од „реални“ и анимирани ликови и иако е далеку од најдобрите филмови на Бред Пит, сепак вреди да го погледнете.

Главниот лик е уметник кој се транспортира во светот што тој самиот го нацртал. Улогата на Бред е детектив од реалниот свет, кој веќе има искуство со нацртаните ликови.

Kalifornia (1993)

Ова е приказна за еден новинар и неговата девојка, кои патуваат до места каде што се случиле сериски убиства, поради истражување за книга.

За да ги намалат трошоците за патување, тие го делат автомобилот со уште еден пар, без да знаат дека и помеѓу нив има убиец.

12 Monkeys (1995)

Ова е научно-фантастичен филм што ќе им се допадне на сите кои сакаат приказни со патување низ времето.

Овде го гледаме Бред Пит во улога на пациент во ментална установа и, иако не се појавува често, неговата изведба е маестрална.

The Devil’s Own (1997)

Ова е филм за кој и самиот Бред има изјавено дека би можел да биде подобар. Но, тоа не е причина да не го изгледате.

The Devil’s Own е приказна за член на ирската републиканска партија, кој е испратен во САД да купи оружје. Тој престојува во домот на полицаец со потекло од Ирска (Харисон Форд), кој не го знае неговиот идентитет.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg