Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Помалку познати филмови со Бред Пит што секој фан би требало да ги изгледа

Spy Game (2001)

Овојпат, Бред глуми агент од ЦИА кој е заробен во Кина. Еден негов колега, кој веќе е пред пензија, одлучува да го искористи неговото искуство и да го спаси.

Ова е еден од подобрите филмови на листава, па ако сте расположени за трилер, нема да погрешите со Spy Game.

Sinbad: The legend of the Seven Seas (2003)

Ако треба да гледате нешто со вашите малечки, Sinbad е совршениот избор. Ова е анимиран филм направен според приказната за Синбад морепловецот, а гласот на главниот лик го позајмува Бред Пит. Покрај него, во цртаниот гласовите ги позајмуваат и Кетрин Зета-Џонс и Мишел Фајфер.

The Tree of Life (2011)

Овој филм е експериментална драма што критичарите ја прифатија многу добро. Во филмот, наизменично се прикажани настани од раѓањето на едно дете, неговото растење и неговиот живот како возрасен, и дефинитивно ќе ве натера да размислувате.

Killing Them Softly (2012)

Овој филм не помина најдобро на бокс-офисот, но повеќето критичари имаа само добри зборови.

Тројца крадци успеваат да украдат пари од нелегална покер игра, но тие пари им припаѓаат на мафијашите. Тогаш, двајца „тепачи“, од кои едниот е Бред Пит, се обидуваат да ги најдат крадците и да ги вратат парите.

Allied (2016)

Дејството на филмот е сместено среде Втората светска војна, а Бред Пит и Марион Котијар глумат агенти кои се вљубуваат еден во друг.

Тие се надеваат дека зад себе можат да го остават двојниот живот на агенти и да живеат среќно, но судбината имала друг план.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg