Бијонсе во Dream Girls, Еминем во 8 Mile – најуспешните филмови на популарните пејачи

Доколку сте од оние кои постојано велат – навистина нема што повеќе да се гледа, за вас имаме 10 предлози кои дефинитивно ќе ве расположат. 

Najuspesnite-filmovi-na-popularnite-pejaci-01.jpg

Филмови со вашите омилени музички ѕвезди кои се покажале исклучително популарни за нив.

Во дел од нив, покрај нивната глума, ќе уживате и во нивните песни, како најголемите хитови на Витни Хјустон во The Bodyguard. 

Едноставно уживајте во овие малку подзаборавени, но одлични филмови:

Бијонсе – Dreamgirls (2006)

Музичко трио прави вистински бум на топ-листите на почетокот на 1960-тите, додека секоја од нив се справува со своите сопствени несигурности. Секој сака да заработи на нивниот успех. Секоја сака да се истакне повеќе од другата.

https://www.youtube.com/watch?v=4 m2dSs0HgSk

Витни Хјустон – The Bodyguard (1992)

Неверојатната Витни Хјустон практично се глуми себеси – популарна пејачка по име Рејчел Мерон. Нејзиниот живот е во опасност и има нов телохранител кој го глуми Кевин Костнер. Во филмот ќе ги слушнете нејзините најголемите хитови Queen Of The Night, I Have Nothing и I Will Always Love You.

Лејди Гага – A Star Is Born (2018)

Џексон е популарен музичар кој е на залезот од својата кариера. Но, тогаш ја запознава Али, млада и многу талентирана пејачка на која решава да ѝ помогне со кариерата. Двајцата се вљубуваат, но љубовта е далеку од онаа во бајките.

https://www.youtube.com/watch?v=nSbzyEJ8×9E

Еминем – 8 Mile (2002)

Млад, надежен рапер сака да направи нешто од себеси. Но, неговите пријатели и непријатели дополнително му го отежнуваат патот до славата.

Бјорк – Dancer in the Dark (2000)

Селма емигрира од Чешка во Америка. Таа е самохрана мајка која работи во фабрика, а најголемата утеха ја наоѓа во играњето и пеењето на музиката од старите холивудски мјузикли.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg