Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бијонсе во Dream Girls, Еминем во 8 Mile – најуспешните филмови на популарните пејачи

Џастин Тимберлејк – The Social Network (2010)

Приказната за Марк Закерберг и создавањето на една од најпопуларните социјални мрежи на сите времиња – Facebook. Џастин има споредна, но моќна улога на Шон Паркер, основачот на Напстер.

Џенет Џексон и Тупак Шакур – Poetic Justice (1993)

Џастис сè уште закрепнува по убиството на нејзиното момче. Иако работи како фризерка таа е талентирана поетеса која ги истура гневот и тагата во својата поезија. Неочекувано таа ќе го запознае Лаки… но дали е повторно подготвена да го отвори своето срце?

Вил Смит – I Am Legend (2002)

Роберт Невил, научник, е последниот преживеан човек во Њујорк по смртоносната чума која ги однела луѓето. Тој се обидува да направи лек против вирусот со помош на својата крв која е имуна на него.

Марк Валберг – The Departed (2006)

Ова е можеби најдобрата филмска улога на Марк Валберг. Приказната за две момчиња, едниот шпион, другиот таен агент, двајцата обидувајќи се да се инфилтрираат во ирската мафија.

Џенифер Лопез – Maid in Manhattan (2002)

Џенифер Лопез има неверојатно многу филмови во нејзината кариера, но се одлучивме за овој бидејќи глумата е навистина на солидно ниво, а хемијата помеѓу неа и Ралф Фајнс е неверојатна. Таа работи како чистачка во елитен хотел на Менхетен и се вљубува во политичар.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 емотивни филмови кои ќе допрат и до најрамнодушните The Father е филм што ќе ви го скрши срцето, додека а A Street Cat Named Bob ќе ...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg