Култни филмови што мора да ги изгледате барем еднаш во животот

Без разлика дали сакате трилери, романтични комедии или нешто сосемА друго, постојат неколку филмови кои треба да ги изгледаат сите.

kultni-filmov-shto-morate-da-gi-izgledate-barem-ednash-01.jpg

Интересно е што повеќето од овие култни филмови на почетокот не биле најдобро прифатени. Дури после неколку години гледачите почнале да ја сфаќаат нивната важност.

Ако сметате дека досега сте изгледале сè што вреди да се изгледа, проверете да не сте испуштиле нешто од следнава листа:

Donnie Darko

Ова е психолошки трилер во кој е вметнат концептот на патување низ времето. Главниот лик, Дони Дарко, среќава морничав човек преправен како зајак кој му вели дека светот ќе биде уништен за 28 дена. Мистериозниот зајак почнува да има големо влијание врз Дони, кој мора да ја прифати својата смрт ако сака да го спаси светот.

Филмот ќе ве остави со многу прашања, па препорачливо е да го изгледате барем уште еднаш за добро да го сфатите.

The Shawshank Redemption

Главниот лик, Енди, е осуден на доживотна казна затвор за убиството на неговата сопруга. Проблемот е што тој е невин. Сепак, Енди завршува во затворот Шошенк и почнува да се привикнува на затворскиот живот.

Морган Фримен е еден од главните ликови, но и нараторот во филмот, а преку дијалозите на затворениците навистина ќе се почувствувате како да сте во нивна кожа.

Fight Club

Овој филм е интересен осврт на општеството и капитализмот. Главниот лик, кој го глуми Едвард Нортон, запознава навистина чуден маж (Бред Пит) кој започнува „тепачки клуб“. За брзо, ситуацијата ескалира и тепачкиот клуб почнува да наликува на терористичка организација.

Ако досега не сте слушнале за најголемиот пресврт во филмот, кога ќе го изгледате ќе бидете навистина изненадени.

The Thing

Ова е постар хорор-филм и многумина го сметаат за еден од подобрите.

Главните ликови се наоѓаат во центар за истражување на Антарктикот, изолирани од целиот свет. После сплет на околности, во нивната станица има и куче, кое почнува да ги јаде другите кучиња во кафезот. Мажите од станицата набрзо сфаќаат дека станува збор за некое суштество кое може да се претвори во што било, дури и во нив.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg