Култни филмови што мора да ги изгледате барем еднаш во животот

The Big Lebowski

Навистина е тешко да се долови дејството на филмот во само неколку реченици, но ова е филм што вреди да го погледнете.

Главниот лик, Џеф Лебовски, кој е само обичен љубител на куглањето, станува мета на неколку луѓе. Причината е што тој има исто име како еден милионер кој е заглавен во многу долгови. Оваа забуна му приредува неколку несекојдневни авантури на Џеф.

Idiocracy

Ова е филмот за кој многумина почнаа да се шегуваат дека би требало да се смета за документарец.

Главните ликови се маж и жена кои стануваат дел од експеримент на владата – тие треба да поминат некое време во хибернација. Во меѓувреме се случуваат многу работи, експериментот е откажан, а мажот и жената остануваат во капсулите за хибернација цели 500 години.

Кога мажот ќе се разбуди, сфаќа дека тој е најинтелигентната личност на Земјата и дека човештвото е осудено на пропаст поради неговата глупавост.

Event Horizon

Event Horizon е уште еден стар хорор-филм, за кој слободно може да се каже дека спаѓа во најстрашните.

Главните ликови во филмот се астронаути кои се на мисија да пронајдат изгубен вселенски брод. Додека ги бараат преживеаните, тие сфаќаат дека бродот направил „дупка“ во простор-времето, а од другата страна ги очекуваат најужасните нешта што ги виделе.

The Room

The Room се смета за еден од најлошите филмови во историјата, но токму тоа го направи култен. Друга причина за неговата популарност е режисерот Томи Визо, кој не знае ништо за правењето филмови и има навистина мистериозно минато.

Главниот лик Џони, кој го глуми самиот Томи Визо, е успешен банкар кој живее со вереницата во Сан Франциско. Но, набрзо сфаќа дека вереницата Лиса го изневерила со неговиот најдобар пријател.

Дијалозите во филмот немаат никаква смисла, некои сцени се повторуваат, глумата е ужасна, а според некои извори, актерите ги прифатиле улогите бидејќи сметале дека филмот никогаш нема да биде пуштен во јавноста.

Ако не можете да го догледате филмот до крај, тогаш изгледајте го The Disaster Artist, со Џејмс Франко во главната улога. Овој филм всушност раскажува како бил снимен The Room и ќе ви објани сè што треба да знаете. Многумина се убедени дека ова е една од најдобрите изведби на Франко.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg