Најдобрите филмови на популарните холивудски актери и актерки, според фановите

Кога станува збор за филмови, настојуваме да им веруваме на критичарите, но неретко фановите имаат многу поразлично мислење од нив.

najdobrite-filmovi-na-popularnite-holivudski-akteri-i-akterki-spored-fanovite-01.jpg

Многупати одредени филмови добиле само лоши критики од професионалците, а од друга страна, фановите ги сместиле помеѓу најдобрите. Ова најмногу се забележува ако го проверувате рејтингот на филмовите на Rotten Tomatoes, каде што право на глас имаат и критичарите, и фановите.

Па така, филмовите на најпопуларните актери кои добиле ниска оцена од критичарите, воодушевиле бројни фанови.

Во продолжение, пак, погледнете кои се најдобрите филмови на популарните актери, според фановите:

Леонардо ди Каприо – The Basketball Diaries

Titanic, The Revenant и The Wolf of Wall Street се помеѓу најпознатите филмови на актерот, но според фановите, најдобар е The Basketball Diaries.

Ликот на Лео, Џим Керол, го очекува блескава кариера како кошаркар. Но, тој почнува да експериментира со дрога и си ја загрозува целата иднина.

https://www.youtube.com/watch?v=9m-1et438BE

Рис Витерспун – Fear

Можеби Рис е позната по романтичните комедии, но Fear докажува дека таа е способна за многу повеќе.

Во филмот, Рис глуми средношколка која се вљубува во едно момче. Кога одлучува да ѝ стави крај на врската, момчето почнува да ја следи и неа, и нејзиното семејство.

Вил Смит – Collateral Beauty

И Вил Смит е познат по комедиите, но одлично се снаоѓа и со сериозни улоги.

Во Collateral Beauty, тој глуми бизнисмен со клиничка депресија, која се појавила по смртта на неговата ќерка. Со надеж дека ќе си ја олесни ситуација, тој пишува три писма – едно до Љубовта, едно до Времето и едно до Смртта. Откако неговите пријатели ќе налетаат на овие писма, најмуваат тројца актери кои треба да му се претстават како Љубовта, Времето и Смртта.

Семјуел Л. Џексон – Shaft

Критичарите имаа многу лоши коментари за филмот, но не и фановите на Семјуел.

Во Shaft, ликот на Семјуел се здружува со неговиот син – експерт за сајбер криминал – со цел да истражува еден смртен случај.

Том Хенкс – The ’Burbs

Фановите сметаат дека и после 3 децении, филмот е исто забавен како и во минатото.

Ликот на Хенкс, Реј Питерсон, почнува да слуша необична врева од куќата на неговите соседи. Тогаш, тој и уште неколку соседи се обидуваат да докажат дека семејството од таа куќа е дел од сатанистички култ.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак? Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат. Музичките секвенц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg