Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите филмови на популарните холивудски актери и актерки, според фановите

Сандра Булок – Practical Magic

Можеби критичарите не го сакаат филмот бидејќи е со магија и вештерки, ама фановите имаат друго мислење.

Покрај Сандра, во филмот се појавува и Никол Кидман – тие се сестри кои се вештерки и кои користат магија за да ја најдат нивната вистинска љубов.

Бред Пит – Meet Joe Black

Бред Пит има импресивна кариера и многу одлични филмски остварувања. Според фановите, неговиот најдобар филм е токму овој.

Во Филмот, Бред ја глуми Смртта, која го презема ликот на Џо Блек. Но, додека е на Земјата, тој (Смртта), се вљубува во една девојка.

Киану Ривс – The Lake House

Заборавете на Matrix и John Wick – најдобриот филм на Киану е всушност романтична драма.

Киану игра архитект, кој добива мистериозно писмо во поштенското сандаче. Според напишаното, писмото е од жена од иднината, која живее во истата куќа. Во текот на филмот, тие започнуваат врска надвор од границите на времето.

Натали Портман – Where the Heart Is

Според коментарите на Rotten Tomatoes, на многу фанови не им е јасно од каде се лошите критики за филмот.

Ликот на Натали е бремена тинејџерка, која бега во Калифорнија за да ги следи своите соништа. Но, нештата не одат по план, па таа живее во супермаркет. Со помош на неколку пријатели, таа се обидува да се врати на вистинскиот пат, но и да се подготви за мајчинството.

Кејт Винслет – The Dressmaker

Како Лео, и Кејт е најпозната по Titanic, но таа улога не се ни споредува со The Dressmaker.

Нејзиниот лик, Тили, се враќа во родната Австралија, после години поминати во Париз како моден дизајнер. Таа почнува да работи како дизајнер во нејзиниот град, но и се вљубува.

Роберт Дауни Џуниор – Doolittle

Овој филм е нов и доби ужасни критики. Фановите, пак, уживаа во екранизацијата на истоимената детска книга.

Овојпат го гледаме Роберт во улогата на доктор Дулитл, кој живее во викторијанската ера и може да зборува со животни. Со цел да најде лек за кралицата Викторија, тој мора да отпатува до далечен остров со неговите пријатели – животните.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“ Иако ужива статус на култен филм, снимањето на „Волшебникот од Оз“ во 1930-тите ...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg