Публиката одбра: 10 највозбудливи филмови од 2020 кои излегоа досега

Мислењето на критичарите можеби е релевантно, но публиката е онаа која го има последниот збор. Публиката е сепак „потрошувачот“ и консументот што ја определува заработката и успешноста на еден филм.

10-najvozbudlivi-filmovi-od-2020-01.jpg

Што се однесува до 2020 година, таа изобилува со одлични филмски наслови, а публиката ги одбра 10-те највозбудливи филмови кои излегоа досега:

Tesla

Автобиографскиот филм ни го прикажува животот на еден од најголемите пронаоѓачи на сите времиња, Никола Тесла, и неговата врска со Томас Едисон како и онаа со ќерката на Џеј Пи Морган. Таткото на наизменичната струја и бројните футуристички пронајдоци е убедливо еден од најинтересните ликови од полето на науката.

Shirley

Ширли Џексон е популарна писателка на хорор романи. Таа наеднаш добива нова инспирација и нов наплив на енергија откако во нејзиниот дом се вселува млад пар.

The Invisible Man

Сесилија се чувствува заробено во врската со партнерот кој постојано ја контролира. Конечно смогнува сили да го остави, а по неколку дена тој е мртов. Но, наскоро започнуваат да се случуваат работи поради кои таа го губи разумот. Бидејќи тој очигледно е сè уште тука …

Da 5 Bloods

Четворица Афро-Американци кои се воени ветерани се враќаат во Виетнам. Тие имаат мисија – да ги пронајдат останките од нивниот некогаш водач на одредот и да го најдат златото кое тој им помогнал да го скријат.

I’m Thinking of Ending Things

Работен според истоимениот роман на Иан Рид, момче и девојка се упатуваат кон изолираната фарма на родителите на момчето. Во текот на возењето девојката започнува да ги преиспитува сите работи во нивната врска, почнувајќи од себеси и секако, нејзиното момче.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg