Филмски ремек-дела кои полнат 20 години – задолжително треба да ги изгледате барем еднаш во животот

2001 година понуди неверојатни филмски наслови. Иако ни се чини „како да беше вчера“ сепак поминаа цели 20 години. Чувствувате дека стареете? Кога ќе прочитате дека од првиот дел на Shrek и The Fellowship of the Ring поминаа 2 децении, времето ќе добие сосема поинаква дефиниција за вас.

Filmski-remek-dela-koi-polnat-20-godini-01.jpg

Се потсетуваме на 10-те најдобри наслови од 2001 година. Овие филмови годинава ќе го прослават 20-тиот роденден и едноставно мора да ги изгледате барем еднаш во животот (доколку веќе не сте го сториле тоа):

Shrek

Шрек, зелено чудовиште – огар, тргнува со својот најдобар другар-магаренце за да ја спаси принцезата Фиона од подлиот господар и да си го врати мочуриштето.

A.I. Artificial Intelligence

Давид, високо напредно дете-робот копнее да стане вистинско момче, со цел да ја заслужи љубовта на мајка си. Тој наскоро тргнува на мисија за да ги оствари своите соништа.

The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring

Младиот хобит Фродо го наоѓа моќниот прстен што му припаѓа на темниот господар Саурон. Тој го започнува своето патување со осум придружници до планината Дум која е единственото место каде што може прстенот да се уништи.

A Beautiful Mind

Џон Неш е брилијантен, но асоцијален математички гениј. Неговиот живот добива сосема поинаков правец кога тој прифаќа задача од Вилијам Парчер.

Harry Potter and the Philosopher’s Stone

Хари Потер, 11-годишен сирак, открива дека е волшебник и е поканет да студира во Хогвортс, училиште за волшебници. Пред него почнува цела една нова животна авантура.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg