Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 нови филмови кои одлично ќе ви го пополнат времето во полицискиот час

Доколку сте подготвени за нова филмска авантура во текот на викендот со полициски час, имаме 10 одлични предлози за вас.

10-novi-filmovi-koi-odlicno-ke-go-popolnat-vremeto-vo-policiski-cas-01.jpg

Драма, комедија, трилер, како и новиот полу анимиран филм со нашите омилени херои од детството, Том и Џери, вам ви останува само да одберете и да се опуштите во времето поминато дома:

Yes Day

Алисон и Карлос се родители кои секогаш им велат „не“ на своите деца. Но, еден ден одлучуваат на трите деца да им дадат 24 часа во кои постојано ќе велат „Да“ и ќе ги одобрат и реализираат сите нивни желби.

Another round

Дали човечкиот ум и тело функционираат многу подобро со 0,5 промили алкохол во крвта? Во овој комичен филм, четворица професори секојдневно консумираат алкохол за да видат како тоа влијае на нивниот социјален и професионален живот.

The Serpent

Во оваа извонредна ТВ минисерија е прикажана реалната приказна за Чарлс Собрај, убиец, крадец и човек кој одлично умее да се маскира, во средината на 70-тите години во Азија.

The Little Things

Заменик-шерифот на округот Керн, Џо Дикон е испратен во Лос Анџелес за собирање на докази. Наместо тоа, тој се впушта во потрага по сериски убиец кој го тероризира градот.

A Promising Young Woman

Касандра „Кеси“ е млада жена која е трауматизирана од трагичен настан од минатото. Таа сега се обидува да се пресмета со сите оние кои го игнорирале злосторството.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg