10 филмови кои со нетрпение ги очекуваме ова лето

Минатата година беше послаба во однос на филмови, а најголем виновник за тоа е пандемијата.

10-filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ochekuvame-ova-leto-01.jpg

Но сепак, холивудските режисери и актери напорно работеа, па летово нè очекуваат бројни возбудливи премиери, вклучувајќи и неколку кои беа откажани минатата година.

Во продолжение погледнете ги 10-те филмови кои со нетрпение го очекуваме ова лето (дел од нив веќе се излезени):

Black Widow

Дејството е сместено по настаните во Captain America: Civil War и се фокусира на Наташа Романоф, односно Црната вдовица. Наташа оди во Будимпешта за да се соочи со нејзиното минато, а во меѓувреме се обидува да се справи со некои од омилените негативци од Marvel.

Премиера: 9 јули

A Quiet Place II

Џон Красински е режисер и на вториот дел од А Quiet Place, чие дејството продолжува по настаните од првиот. Главните ликови конечно го напуштаат нивниот навидум безбеден дом и се соочуваат со хоророт што ги чека надвор.

Премиера: 28 мај

The Green Knight

Снимен според легендата за кралот Артур, овој филм раскажува за неговиот внук кој тргнува на мисија да го најде озлогласениот Зелен витез. На неговото патување, тој мора да се соочи со духови, крадци и што уште не, притоа обидувајќи се да се докаже пред неговото семејство и кралството.

Премиера: 30 јули

Army of the Dead

Напишан и режиран од Зак Снајдер, Army of the Dead раскажува за група крадци кои сакаат да го изведат најголемиот грабеж на сите времиња. Дејството е сместено веднаш по зомби апокалипса која го опустошила Лас Вегас.

Премиера: 21 мај

F9

Во деветтото продолжение од серијалот Fast and Furious, Дом е присилен да се соочи со неговиот помлад брат Џејкоб – смртоносен убиец кој соработува со стар непријател на главниот лик.

Премиера: 25 јуни

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg