10 филмови кои со нетрпение ги очекуваме ова лето

Cruella

Дејството е сместено во 1970-тите, во Лондон и ја следи приказната на Естела „Круела“ де Вил која сака да стане позната дизајнерка. Овој филм конечно ќе ни овозможи да ѕирнеме во минатото на познатиот негативец и да го видиме нејзиниот пат до криминалниот живот.

Премиера: 28 мај

Space Jam: A New Legacy

Постарите генерации со нетрпение го очекуваат продолжението на култниот Space Jam. Овојпат, покрај омилените ликови од Looney Tunes, во филмот ќе гостува и популарниот кошаркар Леброн Џејмс.

Примера: 16 јули

Luca

Новиот анимиран филм на Pixar ги следи летните авантури во Италија на најдобрите пријатели Лука и Алберто. Иако тие изгледаат како и секое дете во земјата, всушност кријат многу голема тајна – и двајцата се морски чудовишта од волшебен свет кој се наоѓа веднаш по површината на водата.

Премиера: 18 јуни

Jungle Cruise

Филмот ја следи приказната на капетан на речен брод, кој треба да однесе жена научник и нејзиниот брат на мисија низ џунглата. Триото е на пат да го најде Дрвото на животот, но мора да се справи со сите опасности и да стигне до целта пред лошите момци.

Премиера: 30 јули

Respect

Во овој филм ќе имаме можност да го погледнеме животот на Арета Френклин, со сите подеми падови. Во филмот ќе бидат прикажани миговите кои ја направија Арета најпознатата пејачка во светот.

Премиера: 13 август

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg