10 одлични акции кои ќе ви го кренат адреналинот

Најновиот филм на Зек Снајдер е вистинско уживање за сите кои сакаат да го пуштат мозокот на пасење и обожаваат добри акциски сцени. Доколку сте љубители и на зомби филмови, Army of the Dead е вистинскиот погодок за одличен филмски викенд.

10-odlicni-akcii-koi-ke-vi-go-krenat-adrenalinot-01.jpg

Ја сакавте играта Mortal Kombat како помали? Конечно можеме да ја видиме и филмската екранизација на истата. Доколку пак ви недостигаше прекрасната Мила Јовович во добра акција, имаме уште еден предлог исто така креиран по видеоигра:

Army of the Dead

Во Лас Вегас се случува зомби-епидемија. Група на платеници ги ризикуваат своите животи впуштајќи се во голем грабеж во опасната карантинска зона.

American Fighter

Во оваа напната приказна исполнета со драма и акција, млад боксер се натпреварува во подземни, нелегални борби со цел да собере пари за неговата болна мајка. Но, дали ќе го преживее следниот натпревар?

The Marksman

Џим е поранешен војник кој живее изолирано како сточар долж границата Аризона-Мексико. Но, неговиот мирен живот набргу се распаѓа кога се обидува да заштити момче кое е во бегство од нарко-картел.

Ip Man: Kung Fu Master

Додека работи како како полициски капетан во Фошан, Ип Мен станува мета на одмаздољубив гангстер во моментот додека јапонската армија го напаѓа регионот.

Honest Thief

Професионален крадец на банки се согласува да ги врати сите пари што ги украл во замена за намалена казна. Но, кога двајца агенти на ФБИ ќе го наместат за убиство, тој мора да ја докаже својата невиност и да ги изведе пред лицето на правдата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg