10 нови филмови кои сите ги очекувавме со нетрпение – што да гледаме прво?
Till Death
Ема и Марк имаат монотон брак, сè додека сопругот не решава да ја изненади Ема со романтично патување по повод нивната 10-годишнина. Но, следното утро, Ема се буди до мртвото тело на сопругот.
Cruella
Естела има големи соништа. Таа сака да стане позната модна дизајнерка. Но, Лондон е суров и непредвидлив. Здружувајќи се со двајца улични криминалци, започнува подемот и падот на славната Круела де Вил.
Lansky
ФБИ очајно сака да го фати веќе пензионираниот мафијаш Маер Лански во Флорида. Но, кој може да ја заврши таа сложена задача? Очигледно, талентиран и надежен новинар.
Flashback
Фредрик Фицел започнува да има страшни визии со девојка која исчезнала додека бил во средно училиште. Тој бара помош од старите пријатели и со помош на мистериозна дрога започнува да копа длабоко во сеќавањата со цел да открие што точно се случило.
In the Heights
Во оваа топла драма со примеси на мјузикл се меша мирисот на топлото кафе, соништата и живописните животи на група луѓе во Вашинготн Хајтс во Њујорк.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





