10 нови филмови кои сите ги очекувавме со нетрпение – што да гледаме прво?

Доколку сте од генерациите кои се воодушевуваа на Space Jam со Мајкл Џордан во главната улога и цртаните ликови од дружината Looney Tunes, сигурно со нетрпение го очекувавте новото продолжение со Леброн Џејмс.

10-novi-filmovi-koi-site-gi-ocekuvavme-so-netrpenie-01.jpg

За сите љубители пак на Марвел стриповите, тука е оригиналната приказна на „Црната вдовица“ – Наташа Романов со Скарлет Јохансон и Флоренс Пју во главните улоги.

Меган Фокс после долго време се враќа на филмските екрани со напнатиот и мрачен „До смртта“. Сè на сè, имаме одлично филмско лето, а овие 10 наслови се задолжителни:

Space Jam: A New Legacy

Кошаркарската НБА ѕвезда Леброн Џејмс и неговиот син Дом се заробени во дигиталниот свет на Ал. Со цел да се вратат безбедно дома, Леброн мора да се здружи со Душко долгоушко, Паторот Дафи и останатите членови на дружината Looney Tunes и да одиграат неверојатна партија баскет против шампионите на Ал – Goon Squad.

Black Widow

Каква е приказната на Наташа Романов, непобедливата Марвел агентка, пред да стане дел од „Одмаздниците“? Приказната започнува од нејзиното детство, опфаќајќи го истовремено и семејството на „Црната вдовица“.

Escape Room: Tournament of Champions

Ново продолжение од популарниот „Соба за бегство“ од пред некоја година. 6 луѓе се повторно заробени во соба од која очигледно не постои излез. Тие полека откриваат што имаат заедничко. Но, дали претходно ја играле оваа смртоносна игра?

No Sudden Move

1954 година. Во Детроит, банда на ситни криминалци се најмени да украдат битен документ. Но, грабежот тргнува наопаку. Тие решаваат да откријат кој е оној што ги најмил – и со која цел?

https://www.youtube.com/watch?v=bRD1xr-dmfQ

A Quiet Place Part II

Вториот дел од долгоочекуваниот „Тивко место“ повторно го следи семејството Абот кое мора да се соочи со новите предизвици во целосна тишина. Но, суштествата кои ловат по звукот не се единствената закана по нивните животи.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија Дали сонувавте да имате моќ како Пру, Пејџ и Фиби од Charmed? А, дали се сеќават...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg