Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пет одлични серии што ќе ве држат напнати и во неизвесност од почетокот до крајот

Се сеќавате на Пени (Кејли Куоко) од популарната The Big Bang Theory? Прекрасната актерка конечно се враќа на филмското платно со неверојатно напната акциона серија со наслов The Flight Attendant.

5-napnati-serii-sto-ke-ve-drzat-vo-neizvesnost-01.jpg

Доколку сте расположени за доза адреналин, акција, мистерија, по малку хумор, и сте од оние кои сакаат да погодуваат што сè може да се случи до крајот, ги препорачуваме следните 5 серии:

The Flight Attendant

Касандра Бауден е стјуардеса која води прилично немарен живот. Таа пие повеќе отколку што треба, постојано флертува и има многу секс без никакви обврски и очекувања.

На еден од нејзините летови ќе го запознае шармантниот, харизматичен Алекс. И ќе реши да ја помине ноќта со него. Но, следното утро, нејзиниот живот се превртува целосно наопаку.

https://www.youtube.com/watch?v=OP_WC5oOCe8

In the Dark

Марфи е слепа девојка во своите 20-ти години чии единствени пријатели се Џес и Тајсон. Еден ден додека Марфи оди на прошетка со нејзиното куче-водич, таа наоѓа мртво тело во уличка за која е сигурна дека му припаѓа на Тајсон.

Додека полицијата да пристигне, телото исчезнува. Но, Марфи е цврсто решена да дознае што точно му се случило на нејзиниот најдобар пријател.

Barry

Бери кој работи како професионален, платен убиец, открива дека сака да глуми, додека е во потрага по својата следна жртва. Изненадувачки, толку многу му се допаѓа новиот начин на живот што е подготвен да го остави стариот зад себе.

https://www.youtube.com/watch?v=M6TZdk1t8Zo

The Undoing

Грејс Фрејзер има практично совршен живот. Таа е познат психотерапевт, има маж што ја обожава, дете и наследство од нејзиниот богат татко. Но, трагичен настан поврзан со училиштето на нејзиниот син ја тера да го преиспита целиот нејзин живот.

Killing Eve

Ив е паметна, но не толку успешна детективка која се надевала на кариера многу повозбудлива од онаа што ја има, врзана за работното биро. Виланел е млада девојка, суров сериски убиец на која никој не може да ѝ влезе во трагата. Животите на двете жени се испреплетуваат на најнеочекуваниот можен начин.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
„Мислиш дека ми е лесно да те гледам со друга девојка?“ – Хит моменти од премиерата на втората сезон... Срцепарателни љубовни моменти помеѓу младите јунаци, но и сериозни настани и слу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg