Никол Кидман и нејзиниот вкус за мрачни улоги – 3 мини серии кои треба да ги изгледате

Се чини дека Никол Кидман е актерската муза на писателката Лиен Мориарти. Кидман ја има главната улога во дури 2 екранизирани мини ТВ серии според делата на Мориарти, Big Little Lies и последниот хит – Nine Perfect Strangers.

Nikol-Kidman-i-nejziniot-vkus-za-mracni-ulogi-01.jpg

Впрочем, ова се три одлични мини серии кои вреди да ги изгледате со Никол Кидман во главната улога:

Big Little Lies

Меделин, Селест и Џејн се женско трио кое живее во пејзажниот Монтереј во Калифорнија. Нивниот навидум совршен, идиличен живот се распрснува како балон од сапуница кога се соочуваат со ненадејно убиство на блиска личност.

The Undoing

Грејс Фрејзер е познат психотерапевт која има совршен живот, сопруг кој ја обожава и синче со него. Таа е убава, привлечна и богата. Но, еден настан ќе ги измести коцките во нејзиниот совршено нареден мозаик … и таа ќе почне да дознава тајни кои се нималку пријатни.

Nine Perfect Strangers

Маша раководи со велнес центар на изолирана локација. Таа им нуди целосно преродување после само 10 дена на деветтемина кои ќе дојдат во потрага по нов почеток. Тие се навидум неповрзани странци … или пак не се?

https://www.youtube.com/watch?v=QvqujH6boEI&ab_channel=Hulu

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 понови серии за љубителите на психолошки трилери The Crowded Room со Том Холанд во главната улога и Expats со Никол Кидман во гла...
10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате) Ако сте расположени за комедија, дајте им шанса на The Disaster Artist и The Nic...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg