10 одлични филмови со жени-психопати во главните улоги

Тие направија да ни замрзне крвта во жилите со својата извонредна глума. Ги сакаме актерките, ги мразиме ликовите, што значи дека одлично си ја завршиле работата.

10-odlicni-filmovi-so-zeni-psihopati-01.jpg

Интересно е како ескалираат нивните трансформации, како на пример онаа на Розамунд Пајк во Pride and Prejudice (во улогата на Џејн Бенет) како нежна, срамежлива и повлечена девојка и години подоцна во улогата на Ејми Дан како сурова, свирепа, одмаздољубива жена во Gone Girl.

Препорачуваме 10 одлични филмови со свирепи жени во главните улоги:

Gone Girl

Ејми Дан е млада жена која загадочно исчезнува на денот на нејзината годишнина од брак.

Зад совршената фасада на животот со нејзиниот сопруг, полека се откриваат деловите кои не се баш пријатни.

Ејми ја нема. А главниот осомничен е токму нејзиниот сопруг, Ник Дан.

Misery

Ени Вилкс е опседната со делата на нејзиниот омилен писател Пол Шелдон. Откако тој ќе доживее сообраќајна несреќа таа го спасува.

Но, се чини дека не постои излез од нејзиниот дом. Писателот станува нејзин затвореник.

Hard Candy

Хејли е тинејџерка која се договара да се сретне на кафе со Џеф, фотограф.

Таа се претставува како младо, наивно девојче, додека Џеф мисли дека може да ја злоупотреби. Наскоро тој го открива злокобниот план на интелигентната Хејли.

Orphan

Откако ќе го изгубат бебето, брачен пар ќе реши да посвои 9-годишно девојче. Естер на почетокот изгледа совршено, мирна и воспитана.

Сè додека не започнуваат да се случуваат чудни работи во домот на семејството што ја посвојува.

Fatal Attraction

Секако дека не можеме да ги изоставиме овој класик од списокот. Ден Галагер е среќно оженет адвокат кој започнува афера со неговата колешка Алекс.

Наскоро Алекс целосно се опседнува со него и му го претвора животот во вистински пекол.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови со силни жени во главните улоги кои ќе ве мотивираат да постигнете повеќе Секогаш сме во потрага по инспирација, нели? Доколку чувствувате како ви недости...
10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с...
10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg