Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто 12 години никој не сакал да ја сними и емитува хит-серијата Squid Game?

Squid Game е серијата која за 3 недели на Netflix ги победи сите очекувања на филмските критичари.

zosto-12-godini-nikoj-ne-sakal-da-ja-snimi-i-emituva-squid-game-1.jpg

Корејската драма која го освои светот речиси сигурно ќе се вброи во топ 3 најгледани серии на сите времиња, но дали знаевте дека никој не сакал да ја сними повеќе од 10 години?

Корејските филмски студија одбивале да ја развијат и снимат идејата веќе 12 години по ред, претежно поради бруталното насилство и егзекуцијата која е прикажана експлицитно, без да ја поштеди публиката од трауматични детали.

Цензурата се должела на екстремна парабола за неолиберализмот и неговиот нехуман, конкурентен капиталистички систем, каде што има малку победници и многу губитници.

zosto-12-godini-nikoj-ne-sakal-da-ja-snimi-i-emituva-squid-game-2.png

Креаторот на серијата, Hwang Dong-hyuk, се сетил на идејата додека живеел со својата баба и мајка, па морал да го прекине пишувањето на скриптата и да го продаде својот лаптоп за 675 долари, како би си ги покрил основните трошоци.

zosto-12-godini-nikoj-ne-sakal-da-ja-snimi-i-emituva-squid-game-3.jpg

„По 12 години одложување, светот се претвори во место каде чудните, насилни приказни за преживување се всушност добредојдени,“ вели сценаристот.

„Луѓето секојдневно коментираат како серијата е релевантна на секојдневниот живот. За жал, светот се движи во таа насока.“

zosto-12-godini-nikoj-ne-sakal-da-ja-snimi-i-emituva-squid-game-4.jpg

Глобалниот феномен Squid Game бил замислен и напишан како концепт уште во 2008 година, а веќе во 2009-та година постоело деталното сценарио.

За некои работи е потребен само вистински момент.

zosto-12-godini-nikoj-ne-sakal-da-ja-snimi-i-emituva-squid-game-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
Ги гледав првите две епизоди од серијата „Сабја“ за атентатот врз Зоран Ѓинѓиќ – Зошто не можам да г... Зошто Зоран Ѓинѓиќ бил убиен? Кој бил радикалниот чекор што тој го направил за д...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
Серијата „Сабја“ е посветена на атентатот врз Ѓинѓиќ од 2003-та година: „Не сакавме да го прикажеме ... „Не сакавме да зборуваме за некој спасител. Еден дел од Србија го идеализира Зор...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg