10 одлични трилер-мистерии кои ќе ве остават без здив, чија содржина ќе ја погодувате до крајот

Доколку сте вљубеници во филмовите чиј крај е тешко да се предвиди, овие 10 предлози ќе ве воодушеват. Трилери, со примеси на хорор и акција, а во срцевината на филмот секако – огромна мистерија.

10-odlicni-triler-misterii-01.jpg

Кој е виновникот? Кој е жртвата, а кој злосторникот? Овој викенд задолжително одвојте време за:

Nocturnal Animals

Сузан добива необјавен ракопис од новиот роман на нејзиниот поранешен сопруг Едвард. Меѓутоа, приказната ја принудува да се соочи со неколку вознемирувачки вистини за нивниот брачен живот, поместувајќи ја границата помеѓу реалноста и фантазијата.

Searching

Дејвид Ким поднесува пријава во полиција за да ја пронајде неговата исчезната ќерка Марго. Меѓутоа, низа скриени вистини се разоткриваат кога тој го проверува нејзиниот лаптоп.

The Gift

Брачен пар, Сајмон и Робин, налетуваат на Гордо, стар познаник. Работите се менуваат кога Гордо почнува ненајавено да влегува во нивната куќа и ги преплавува со загадочни подароци.

We Need to Talk About Kevin

Мајката на Кевин се бори да го сака своето чудно дете, и покрај опасните работи што тој ги кажува и ги прави додека расте. Но, Кевин станува сè помистериозен и поопасен… толку многу што и неговата мајка почнува да се сомнева во сè што тој прави.

Martha Marcy May Marlene

Марта страда од болни спомени од времето коешто го поминала со секта која ја злоупотребувала. Сега, живеејќи со семејството на нејзината сестра, таа се бори да ја најде смислата помеѓу соништата и реалноста.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg