Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 одлични филмови со Рајан Рејнолдс кои треба да ги изгледате барем еднаш

Миленикот на сите генерации, канадскиот актер Рајан Рејнолдс (45), може да се пофали со завидна кариера и одлични филмски проекти. Речиси и да не постои некој што не ја обожава неговата смисла за хумор, како на филмското платно така и надвор од него.

10-odlicni-filmovi-so-Rajan-Rejnolds-01.jpg

Покрај неговиот актерски талент, ја обожаваме и љубовната приказна со Блејк Лајвли. Па доколку сте подготвени за викенд исполнет со хумор, забава, романса и адреналин, ви ги препорачуваме следните 10 одлични филмови со (не)типичниот холивудски убавец, Рајан Рејнолдс:

Buried

Пол е американски возач на камион кој работи во Ирак. По нападот од група Ирачани, тој се буди жив закопан во ковчег. „Наоружан“ само со запалка и мобилен телефон, Пол е во трка со времето за да се спаси од клаустрофобичната смртна замка.

6 Underground

Шест поединци од целиот свет, секој најдобар во она што го работи, се избрани не само поради нивните вештина, туку и поради заедничката желба да го избришат своето минато со цел да ја сменат иднината.

Woman in Gold

Марија Алтман, еврејска бегалка, се соочува со австриската влада, со цел да ги врати уметничките дела за кои верува дека му припаѓаат на нејзиното семејство.

The Hitman’s Bodyguard

Мајкл Брајс, агент за обезбедување, има задача да го заштити Дариус Кинкејд, еден од најпознатите атентатори во светот. Двајцата мора да ги остават настрана нивните разлики за да се справат со опасните настани кои им претстојат. Овој филм има и втор дел кој исто така може да го погледнете, Hitman’s Wife’s Bodyguard.

Deadpool

Изопачен научник врши експерименти врз Вејд Вилсон, платеник, за да го излечи од рак и да му даде исцелителна моќ. Меѓутоа, експериментот го остава Вејд обезличен и тој одлучува да се одмазди. Филмот има и втор дел што е подеднакво добар како и првиот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg