Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови кои со нетрпение ги очекуваме овој мај

Петтиот месец од годината можеби не носи многу филмски премиери, но тука важи правилото – квалитет повеќе од квантитет.

10-filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvame-ovoj-maj-01.jpg

За обожавателите на Марвел стриповите, тука е долгоочекуваниот Multiverse of Madness со Доктор Стрејнџ во главната улога.

За носталгичните, вториот дел од Топ Ган со Том Круз е пред нас.

Што интересно ќе гледаме овој мај?

Multiverse of Madness

Д-р Стивен Стрејнџ фрла забранета магија што отвора портал кон мултиверзумот. Се појавува закана која може да биде преголем залак за неговиот тим на Одмаздници.

Downton Abbey: A New Era

Семејството Кроули тргнува на големо патување во јужна Франција за да ја открие мистеријата околу новонаследената вила на грофицата.

Top Gun: Maverick

По повеќе од 30 години служба како еден од врвните авијатичари на морнарицата, Пит „Маверик“ Мичел е таму каде што припаѓа, како храбар тест пилот, избегнувајќи го унапредувањето бидејќи нема намера да си го смири темпераментот.

Men

Поради лична трагедија, Харпер се повлекува сама во прекрасно англиско село, надевајќи се дека ќе најде идеално место за лекување на раните. Меѓутоа, се чини дека некој или нешто од околните шуми постојано ја демне.

Firestarter

Двојка очајно се обидува да ја скрие својата ќерка Чарли од сомнителната федерална агенција која сака да ја искористи нејзината способност за претворање на оган во оружје за масовно уништување.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари „Anora“ е филм снимен за само шест милиони долари, што е мала сума за холивудски...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 предлог филмови за новопечените мајки Некои од овие предлози ќе ви помогнат да сфатите дека не сте сами, некои ќе ви д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg