Скроени за љубовна пролет – 10 најромантични филмови од 2022 кои излегоа досега

Време е за пролет, многу дружби, сонце, насмевки и секако – романтика. Иако се ближи кон средината, 2022 ни донесе многу нови одлични филмски наслови, а жанрот романса не е никаков исклучок.

10-najromanticni-filmovi-od-2022-koi-izlegoa-dosega-01.jpg

Овие 10 наслови се скроени за романтична, љубовна пролет. Се надеваме ќе уживате во нив:

Marry Me

Латино суперѕвездата Кет Валдез решава да се омажи за непознат човек во публиката за време на нејзиниот концерт, откако дознава за неверството на нејзиниот вереник пред настапот во живо.

The Lost City

Повлечена писателка на новели е на турнеја со моделот од насловна страница од нејзината книга. Обидот за киднапирање ќе ги донесе и двајцата во авантура низ џунглата.

The Royal Treatment

Њујоршката фризерка Изи ја зграпчува шансата да работи на свадбата на шармантен принц. Кога ќе почнат да летаат искри меѓу нив двајца, љубовта и должноста се ставени на тест како што се приближува времето на венчавката.

Book of Love

Полека почнуваат да летаат искри и да се раѓа љубов помеѓу англиски писател и шпанска преведувачка, која неговата неуспешна книга ја преработила во еротски роман.

I Want You Back

Питер и Ема се тотални странци. Кога ќе се запознаат, сфаќаат дека и двајцата раскинале со партнерите во истиот викенд. Нивната сочувство се претвора во мисија кога ќе видат дека секој од нивните поранешни партнери има нова романса.

Уште 5 романтични филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...
10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
10 нови серии на кои вреди да им дадете шанса Зарем има подобро чувство од почнувањето на нова серија за која сè уште никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg