Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 најдобри филмови со Сандра Булок – филмската миленичка на сите генерации

Тешко е да се поверува дека Сандра Булок оваа година ќе го прослави својот 58-ми роденден. Зад себе има бројни филмски улоги и уште толку награди и признанија, но најголемото сепак доаѓа од публиката.

10-najdobri-filmovi-so-Sandra-Bulok-01.jpg

Таа е апсолутна миленичка на сите генерации и уживаме во речиси сите нејзини филмови.

Многу ретко прави „утки“ со изборот, па нашиот предлог се овие 10 најдобри филмови со прекрасната Сандра Булок во главната улога:

Gravity (2013)

Во мисија која се одвива во вселената, д-р Рајан Стоун, инженер, и Мет Ковалски, астронаут, се погодени од вселенска карпа со голема брзина. Како што ситуацијата станува сè пострашна, Стоун, е единствената преживеана која се обидува да го најде патот до земјата.

Miss Congeniality (2000)

Грејси Харт, детективка, е принудена да се инфилтрира на изборот за Мис убавица на САД како натпреварувачка, откако нејзиниот оддел дознава дека на настанот му се заканува анонимен бомбаш.

Speed (1994)

Незадоволен, опасен човек поставува бомба во лифт. Кога неговата мисија нема да му успее, тој поставува бомба во локален автобус и се заканува дека ќе ја активира доколку неговите барања не бидат исполнети.

While You Were Sleeping (1995)

Осамената Луси го извлекува својот долгогодишен симпатија Питер од шините на возот што доаѓа. Во болницата, лекарите ја известуваат дека тој е во кома, а еден погрешен коментар на Луси ќе го натера семејството на Питер да претпостави дека таа е неговата свршеница.

The Blind Side (2009)

Мајкл, бездомен афроамерикански тинејџер, е посвоен од семејство кое му помага да ги надмине тешкотиите во учењето и да постигне извонредни резултати во рагби.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
10 нови серии на кои вреди да им дадете шанса Зарем има подобро чувство од почнувањето на нова серија за која сè уште никој не...
10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg