10 нови возбудливи филмови во кои уживавме во овој период од годината

Оваа пролет нè изненади со одлични филмски наслови. Дел од нив ги очекувавме, како третото продолжение на Fantastic Beasts и вториот дел на култниот Top Gun.

10-novi-vozbudlivi-filmovi-01.jpg

Но, вистинско освежување е научно-фантастичната акција Everything Everywhere All at Once. Филм кој не наликува на ниту еден друг, со оригинална идеја и одлична изведба на главните актери.

Ова се 10-те нови филмови во кои уживавме во овој временски период од годината:

Everything Everywhere All at Once

Една сосема обична жена дознава дека постојат многу повеќе работи од реалноста во која живее. Таа мора да ги канализира своите новооткриени моќи да се бори против бизарни и збунувачки опасности од мултиверзумот додека судбината на светот виси на конец.

Fantastic Beasts: The Secrets of Dumbledore

Професорот Албус Дамблдор знае дека моќниот, мрачен волшебник Гелерт Гринделвалд се обидува да ја преземе контролата врз светот на волшебниците. Не можејќи да го запре сам, тој бара помош од Нут Скамандер кој предводи храбар тим од волшебници и вештерки.

Morbius

Опасно болен со ретко нарушување на крвта и решен да спаси други од истата судбина, д-р Морбиус се обидува очајнички да го реши проблемот со кој се соочува, ризикувајќи сè што може да изгуби.

Last Looks

Поранешен полицаец решава неговиот нов дом да биде длабоко во шумата, поради дамка во кариерата. Но неговиот тивок живот завршува кога приватен детектив го ангажира да истражи убиство.

Memory

Кога Алекс, атентатор, одбива да изврши задача за опасна криминална организација, тој станува мета. Агентите на ФБИ и мексиканското разузнавање се дел од истрагата која ги носи сè поблиску до Алекс.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
8 филмови на шпански јазик кои не смеете да ги пропуштите Факт е дека сме навикнати на холивудски филмови, но овие фасцинантни филмски ост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg