10 филмови кои со нетрпение ги очекува(в)ме овој јуни

Јуни е дефинитивно одличен месец кога станува збор за филмските премиери. Ги има толку многу, што нема да знаете што попрво да изгледате.

10-filmovi-koi-so-netrpenie-gi-ocekuvavme-ovoj-juni-01.jpg

Со огромно нетрпение го очекувавме новото продолжение од серијалот за Паркот Јура, адаптацијата на Баз Лурман за легендата Елвис Присли, како и одличниот „сериозен“ филм на Адам Сендлер „Hustle“, спортска драма со одлично сценарио, глума и порака на крајот.

Уживајте во новите филмски премиери во месец јуни:

Jurassic World Dominion

Четири години по уништувањето на Ајла Нублар, диносаурусите сега живеат и ловат заедно со луѓето ширум светот. Оваа кревка рамнотежа ќе ја преобликува иднината и ќе одреди, еднаш засекогаш, дали човечките суштества ќе останат најголемите предатори на планетата, што сега ја делат со најстрашните суштества во историјата.

Hustle

Откако кошаркарски скаут на НБА открива извонреден играч во Шпанија, тој го носи феноменалниот играч, без никакво професионално искуство и без одобрувањето од неговиот матичен тим, назад со себе во САД.

First Love

Филм за тешкото созревање на еден млад човек од тинејџерство во следната етапа од животот, исполнета со љубов и романса.

The Lost Girls

Четири генерации на жени од семејството Дарлинг се справуваат со последиците од нивните авантури со Петар Пан во Недојдија. Како и нејзината баба и мајка ѝ Џејн пред неа, Венди мора да избега од контролата на Пан врз неа и од ветувањето што тој очајно сака таа да го исполни.

The Good Neighbor

Дејвид и Роберт се соседи кои случајно удираат жена со велосипед и бегаат од местото на злосторството. Додека Дејвид сè повеќе го мачи чувството на вина, Роберт не покажува никакво каење и станува препотентен и посесивен.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...
10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
10 нови серии на кои вреди да им дадете шанса Зарем има подобро чувство од почнувањето на нова серија за која сè уште никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg