11 причини зошто ја обожавам Wednesday Addams
Откако ја изгледав серијата „Wednesday“ на Нетфликс, се вљубив во ликот на Wednesday Addams. Не знам за вас, но мене ми е мистична, магична, посебна... 11 причини зошто таа е лик што не се заборава.
Лично мене кога ќе видам опис „натприродно“ на серија некако не ме влече, но ја изгледав „Wednesday“ на Нетфликс, поттикната од тоа колку се зборува за неа и оваа серија навистина ме освои од прва епизода.
Забавна, лесна, уникатна, едноставно совршена, со впечатлив лик кој ми стана омилен лик на сите времиња.
Wednesday Addams, готската и морбидна ќерка од семејството Адамс е препознатлива одамна, но со оваа серија стана вирален хит, едноставно со силниот карактер ви влегува под кожа.
Зошто ја обожавам(е) Wednesday Addams:
Има уникатен карактер со кој ќе се поистоветат многумина кои се сметаат за аутсајдери и никако не можат да се вклопат.
Има иконски моден стил, кој вклучува плетенки и црна боја – не следи модни правила, но е модна икона.
На цена ја става индивидуалноста и некомформизмот и инспирација е за сите што не сакаат да играат по правила по секоја цена.
Таа е навистина интелигентна и има саркастична смисла за хумор и им се допаѓа особено на луѓето кои сакаат црн хумор.
Таа е комплексен лик кој има длабочина и е незаборавна за многумина.
Неконвенционална е и смела и потајно прави да посакувате да бидете како неа.
Уште 5 работи на следната страна...
Би можело да ве интересира:





