„Последниот човек во Европа“, „Улис во Даблин“...: Оригиналните наслови на литературните класични дела
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Кувар/ка 22-03-2019


„Последниот човек во Европа“, „Улис во Даблин“...: Оригиналните наслови на литературните класични дела

Некои од најголемите класични литературни дела всушност имале поинакви наслови пред да се најдат во книжарниците и библиотеките.

posledniot-chovek-vo-evropa-ulis-vo-dablin-originalnite-naslovi-na-literaturnite-klasichni-dela-01.jpg

Дали би можеле да замислите дека „Големиот Гетсби“ и „Даблинци“ имале многу поинакви наслови пред да бидат објавени за јавноста.

Некои од овие наслови навистина ќе ве изненадат.

1. Големиот Гетсби

Ремек-делото на Ф.С. Фицџералд имало неколку работни наслови, како што се „На патот кон Вест Ег“, „Гетсби со златната шапка“, „Под црвеното, белото и синото“...

Фицџералд на почетокот не бил фан на „Големиот Гетсби“, бидејќи не му звучело доволно впечатливо, но попуштил. Очигледно, не згрешил.

posledniot-chovek-vo-evropa-ulis-vo-dablin-originalnite-naslovi-na-literaturnite-klasichni-dela-02.jpg

2. 1984

Првичниот наслов бил „Последниот човек во Европа“, но на Орвел тоа му звучело премногу комерцијално. Одлуката за „1984“ се покажала како вистинска за оваа книга.

posledniot-chovek-vo-evropa-ulis-vo-dablin-originalnite-naslovi-na-literaturnite-klasichni-dela-04.jpg

3. Дракула

Насловот на оваа готска новела бил „Мртвиот немртовец“, но Брам Стокер сметал дека не привлекува доволно внимание. Затоа, пред печатењето, е преименувана во „Дракула“.

posledniot-chovek-vo-evropa-ulis-vo-dablin-originalnite-naslovi-na-literaturnite-klasichni-dela-03.jpg

4. Да се убие подбивната птица

Најпрво, ова дело на Харпер Ли се викало „Атикус“, но тоа наведувало дека дејството се врти само околу еден лик.

posledniot-chovek-vo-evropa-ulis-vo-dablin-originalnite-naslovi-na-literaturnite-klasichni-dela-07.jpg

5. Гордост и предрасуди

Книгата на која Џејн Остин била најгорда, прво носела наслов „Први впечатоци“. Пред да ја издаде, Маргарет Холфорд издала книга со наслов „Први впечатоци; Портретот“, па менувањето на насловот било неопходно.

posledniot-chovek-vo-evropa-ulis-vo-dablin-originalnite-naslovi-na-literaturnite-klasichni-dela-06.jpg

6. Даблинци

Збирката на кратки приказни на Џејмс Џојс најпрво се викала „Улис во Даблин“. Потоа се решил за краткото „Даблинци“, а ликовите послужиле како основа за ремек-делото „Улис“, издадено неколку години подоцна.

posledniot-chovek-vo-evropa-ulis-vo-dablin-originalnite-naslovi-na-literaturnite-klasichni-dela-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги кои ќе ви ја променат перцепцијата за животот Понекогаш се наоѓаме во ситуација каде се запрашуваме на кој начин го живееме жи...
Нови наслови за одличен почеток на есента Есента некако најмногу прилега со книга во раката. Всушност, не постои лоша сезо...
„Е, баш ме заболе“ – хит книга и еден поинаков водич за самопомош Во денешниот свет каде што царуваат мотивациските говорници кои постојано ве убе...