Знаете ли дека читање на фикција може да ја подобри нашата емпатија?

Општо земено, читањето има многу позитивни ефекти врз луѓето. Преку читањето учиме за животот и стекнуваме нови сознанија, но тоа не е сè. 

Znaete li deka citanjeto na fikcija moze da ja podobri nasata empatija 01

Читањето фикција ги подобрува социјалните вештини и емпатијата. Читањето е најдобра можна вежба за нашиот мозок, на која било возраст.

Читањен è стимулира, нè прави среќни и здрави, ни дава задоволство и нè учи како подобро да ги разбереме другите, да се ставиме во нивната кожа и, конечно, да функционираме подобро во општеството.

Како фиктивната книжевност може да влијае на емпатијата на читателот?

Фикцијата ја симулира општествената реалност. Со читање на приказни луѓето можат да ги подобрат своите социјални способности на ист начин како што пилотот учи да лета преку симулатори за летови.

„Фикцијата може да биде симулатор за летањето на умот“, објаснуваат истражувачите.

Во претходните истражувања е докажано дека на зголемувањето на емпатијата не влијае само книжевната фикција, туку и фикцијата воопшто.

Секој тип на фикција која го поврзува читателот или гледачот со ликовите може да ја зголеми емпатијата, како и другите социјални вештини.

Најважната карактеристика на човекот е тоа што е општествено суштество. Она што нè разликува како човечки суштества е создавање на социјални врски со други луѓе. Се поврзуваме со пријатели, партнери, деца, а овие врски не се инстинктивно условени.

Znaete li deka citanjeto na fikcija moze da ja podobri nasata empatija 02

Фикцијата може да го збогати нашето општествено искуство и да ни помогне да го разбереме. Преку неа развиваме емпатија, која ни овозможува да ги истражуваме животите на другите луѓе, нивните емоции, желби и идеи.

Фикцијата ни овозможува да се поврземе со ликовите, да се идентификуваме емоционално со нив и да ја разбереме сложеноста на нивните емоции.

Во едно друго неодамнешно истражување една група доброволци била замолена да замисли одредени реченици, додека невролозите гледале што се случува во нивниот мозок.

Откриено е дека хипокампусот, регионот поврзан со учењето и меморијата, бил активиран кога учесниците ги изговарале овие реченици како да се реални.

Znaete li deka citanjeto na fikcija moze da ja podobri nasata empatija 03

Другите истражувања дошле до заклучок дека фикцијата може дури и да предизвика емпатија за друга раса или култура, која се разликува од нашата.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Читање печатени или електронски книги - што е подобро? Читањето книга е посебно искуство што нè носи во некои нови светови. Повеќето лу...
3 биографии што треба да ги прочитате оваа есен (за луѓето што не се повеќе со нас) „Здраво, се викам Метју, иако можеби ме знаете и по друго име. Пријателите ме ви...
3 одлични романи од македонски автори (за вистински љубители на книгите) Трогателни приказни со херои кои живеат на нашите простори. Приказни инспирирани...
Арс Ноторија - древна волшебна книга за подобрување на меморијата Веќе со векови се пишуваат книги во кои се тврди дека читателот ќе добие посебни...
3 трилери од Роберт Ладлам кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Роберт Ладлам е најпродаваниот писател на трилери на сите времиња, со повеќе од ...
Книги што ќе им се допаднат на љубителите на Агата Кристи (од сите возрасти) Романите на Агата Кристи се омилени, како за помладите читатели, така и за оние ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg