Таксират - Златна ВИП влезница

taksirat-zlatna-vip-vleznica-povekjeАтмосфреата околу новиот Таксират полека се вжештува, светските музички имиња го најавија своето доаѓање на најголемиот јужноевропски зимски...


...фестивал, а наскоро се затвора и промотивната претпродажба на билетите за најбрзите Таксират фанови.

Но, еве и мала провокација: Таксират објавува единствена „Златна ВИП влезница“ која чини 2000 евра и со која се добива целосен 24 часовен ВИП третман. Со оваа влезница, за гостинот има обезбеден приватен превоз кој ќе го пречека пред неговиот дом, во договорен термин. Потоа, тој има уникатна можност да ужива како секоја ѕвезда, гостин на Таксират, да присуствува на официјалните ручек средби, тонски проби, прес конференции, на самиот концерт, пристап во бекстејџ зоната, храна и пијалоци по негова желба и специјално Таксират изненадување. Финансиските средства од оваа влезница ќе бидат насочени кон проектот Music Without Borders кој има за цел да обезбеди и стимулира поддршка на млади артисти. Со средствата ќе се обезбеди backline музичка опрема која ќе биде на располагање на сите млади групи кои не можат да си овозможат опрема за да ја изразат својата музичка креативност и талент.

Заинтересираните и оние кои сакаат дополнителни информации за Златната ВИП влезница, може да ни пишат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Ве известуваме и дека остануваат само уште неколку дена од промо акцијата во која првите 1000 посетители на Таксират можат да купат влезници по промотивна цена од 600 денари, што е со 40% попуст во однос на конечната цена на влезницата! Од понеделник (21.11.) влезниците за главната фестивалска вечер на Таксират, ќе чинат 800 денари, додека цената на влезниците на билетарата пред Метрополис Арена, на 03 декември ќе биде 1000 денари. Според цената на влезниците Таксират сѐ уште е, без конкуренција, победник во категоријата најефтин европски фестивал.

taksirat-zlatna-vip-vleznica

Од осумдневната Таксират програма, до сега, најбрзо продаван концерт е главната вечер на Таксират. Но, според просторниот капацитет, концертот на Дубиоза Колектив, за само неколку дена од стартот на продажбата, дојде до половина од својот капацитет и според ова темпо, очекувано е веќе наредната недела да биде распродаден. Веднаш зад Дубиоза Колектив, ита и концертот на B-Real и Psycho Realm. Тоа се и единствените концерти за кои влезниците се во претпродажба, додека за останатите, билетите ќе се продаваат само на врата. Оние кои не сакаат да се замараат, имаат опција за блок влезница која може да се набави во Југотон (ГТЦ, Скопје), по цена од 1500 денари.

Продажната мрежа во Македонија е надополнета со нови 24 продажни места на ONE. Билетите се достапни и во Бугарија (Ticketstream), Србија (Gigstix), Албанија и Косово, а Таксират очекува да ја надмине бројката од 1500 странски посетители со што станa најпосетуваната македонска јавна манифестација која убедливо најмногу ги привлекува странските гости. Во меѓувреме, ве потсетуваме дека, на овој линк, сѐ уште трае гласањето за наградите на European Festival Awards, каде Таксират е номиниран во категориите „Best Indoor Festival“ и „Best Small Festival“. Гласањето трае до 6 декември, а победниците ќе бидат прогласени на 11. јануари 2012. во Гронинген, Холандија.

Пред-фестивалската програма на Таксират годинава се одвива на повеќе локации во Скопје, од 25 ноември до 01 декември, а на 3 декември е закажана главната фестивалска вечер, во Метрополис Арена. Своите настапи на Таксират годинава ги потврдија британските инди ѕвезди Kaiser Chiefs, Asian Dub Foundation, влијателниот рапер Fat Joe, Buraka Som Sistema, домашните инди херои Т.Б. Трачери, Clawfinger, дигитал хардкор пионерите Atari Teenage Riot, но и хип хоп легендата B-Real, Psycho Realm, Dubioza Kolektiv, S.A.R.S., Kawasaki 3P, Rise Of Artificial, Diskobajagi и многу други, а наскоро се очекуваат и нови имиња.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg