Огнометен спектакл на концертот на Чолиќ

ognometen-spektakl-na-koncertot-na-colikj-vo-ohrid

Огромна бина донесена од Скај Мјузик од Белград викендов се постави на стадионот Билјанини Извори во Охрид и со тоа се најави лудилото кое ќе го тресе градот под Самоиловата тврдина ноќта на 1-ви август со концертот на најголемата ѕвезда на овие простори Здравко Чолиќ.

Покрај сцената, поставени се лед екрани од 30 метри квадратни, а организаторот ТА Орфеј го пречека и тимот на Чола составен од над 10 професионалци со кои ги утврдуваат детаљите за неколкучасовниот музичко-сценски спектакл кој ќе биде доведен до перфекција. Во текот на денешниот ден во Охрид ќе пристигне и бендот на шармерот кој веднаш ќе започне со тонските проби, а ѕвездата ќе пристигне во Скопје во доцните ноќни часови.

Сакам заедно со моите пријатели и обожаватели од Македонија да го прославам Илинден и по тој повод на концертот ќе има голем огномет, со кој заедно ќе го започнеме славењето на овој голем празник – вели Чолиќ.

Организаторот ТА Орфеј на обожавателите на Чола кои не сакаат да го пропуштат овој спектакл им организира сместување во Охрид, како и превоз на релација Скопје- Охрид – Скопје. Влезниците пуштени во продажба се при крај затоа што нивниот број е ограничен. Можете да ги набавите во ТА Орфеј, Стадион Билјанини Извори, Тобако Тугедер салони низ Македонија, Југотон, Зизи Топ Охрид и во сите туристички агенции во државата, по цена од 600 денари за терен, 1200 фан пит, 1500 силвер вип и 3000 ден вип влезници.

Во среда сите патишта ќе водат кон стадионот Билјанини Извори во Охрид, а оттаму ќе се слушаат „ Ти можеш све ал једно не“ „Е драга драга“ „Права ствар“ „Загрли ме“ „Твоје очи“ „Ти си ми у крви“ и уште многу хитови од опусот на музичарот кој ги плени сите генерации.

За сите информации поврзани со сместувањето и превозот до Охрид можете да се обратите во ТА Орфеј на тел: 02/ 3118 602 или 075409409, а за вип ложа до бина на 075 230 410.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg