Вечерва, свечено затворање на Охридско Лето со театарската претстава „Илијада“ од Хомер

vecherva-svecheno-zatvoranje-na-ohridsko-leto-so-teatarskata-pretstava-ilijada-od-homer-01.jpg

Антички театар
20.08.2018
21:00 ч.

Оваа вечер, по повод свеченото затворање на овогодинешното Охридско Лето, во Античкиот театар во Охрид ќе се одржи претставата „Илијада” од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци од Словенија.

Претставата е копродукциски проект на Словенечки народен театар – СНГ Драма, Љубљана,  Цанкариев дом и Градски театар

„Илијада“ е исконски темел и извор на Европа. Таа е нејзин почеток, нејзино прво семе, нејзин низок старт и висока цел. „Илијада“ е првиот еп во Европа прароман, праопера, праспектакл. „Илијада“ е темелно училишно четиво и недостапен литературен врв. Но, „Илијада“ е дел од сите нас…

Претставата „Илијaда“ е иновативна и величествена. Колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда, со суптилни совети на модерната историја на Балканот. Изведбата започнува како концертна верзија на една опера, актерите во формална облека, седат на столици, раскажувајќи ја крвавата историја за „Илијада“ на микрофони. Микрофоните не се само за да се збогати звукот на зборовите, туку целата изведба е изградена од музика и поетскиот ритам хексаметар, слично како отчукувањата на срцето и одекот на коњскиот кас. Раскажаниот вовед полека прераснува во едно целосно театарско доживување со една универзална релевантна нишка кое е препознатливо за целата публика.“

Јернеј Лоренци (1973 год.) е театарски режисер и предавач на академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана. Како режисер добитник е на  бројни награди и тоа: „Гран при“ за најдобра претстава и награда за најдобра режија на фестивалот „Борштникови средби“, наградата „Шелиго“ за најдобра претстава на фестивалот „Недела на словенечката драма“, наградата „Политика“ за најдобра режија на БИТЕФ 2013, награда за најдобра режија на меѓународниот театарски фестивал „Златен лав“.  Има работено во сите словенечки театарски институции, исто така и во ЗКМ, во ХНК Загреб, како и многу други театарски куќи во странство. Тој е еден од добитниците на наградата „Премио Европа 2017“.

 Македонски Телеком ви посакува пријатни, летни вечери на Охридско Лето!

vecherva-svecheno-zatvoranje-na-ohridsko-leto-so-teatarskata-pretstava-ilijada-od-homer-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg