Митови побиени од науката, во кои луѓето сè уште веруваат

Стапнавме на месечината, а наскоро и на Марс, но некои луѓе сè уште се сомневаат во моќта на науката.

mitovi-pobieni-od-naukata-vo-koi-lugjeto-se-ushte-veruvaat-01.jpg

Иако науката „се докажала“ безброј пати, луѓето сè уште веруваат во теории на заговор и митови кои се побиени многупати.

Некои веруваат дека Земјата е рамна, некои не им веруваат на вакцините, а постојат и оние кои се убедени дека Австралија воопшто не постои.

Погледнете ги најчестите побиени митови во кои луѓето веруваат и денес:

Земјата е рамна

И покрај тоа што денес имаме GPS уреди, сателитски снимки и фотографии што го докажуваат спротивното, некои луѓе сè уште се убедени дека Земјата е рамна.

Воглавно, нивната теорија е заснована на стара мапа на која е прикажана квадратна и статична Земја. Тие веруваат дека нашата планета е всушност диск, во чиј центар се наоѓа Арктикот. Антарктикот, пак, е замрзнат ѕид што ја опкружува Земјата.

Покрај фотографиите на кои јасно се гледа дека Земјата не е рамна, постои и други начин да се побие оваа теорија. Наједноставно е да се искачите на дрво – колку повисоко ќе се качите, толку подалеку ќе можете да видите. Доколку Земјата беше рамна, вашата висина нема да влијае врз дометот на гледање.

mitovi-pobieni-od-naukata-vo-koi-lugjeto-se-ushte-veruvaat-02.jpg

Полната месечина влијае врз нашето однесување и нè „полудува“

Овој мит постои одамна и оние кои веруваат во него тврдат дека најужасните злосторства се случуваат за време на полна месечина. Причината е што полната месечина нè полудувала.

Но, ова не е вистина. Бројни истражувања не нашле никаква поврзаност помеѓу бројот на злосторства и полната месечина.

mitovi-pobieni-od-naukata-vo-koi-lugjeto-se-ushte-veruvaat-03.jpg

Вакцините се лага

Знаевте ли дека дури 45% од возрасните Американци веруваат дека вакцините не се ефикасни, па дури се и штетни? Поради ова верување, голем број луѓе престанаа да ги вакцинираат нивните деца.

Но, од Светската здравствена организација предупредуваат дека невакцинирањето е помеѓу првите 10 најголеми закани за глобалното здравје во 2019-та.

mitovi-pobieni-od-naukata-vo-koi-lugjeto-se-ushte-veruvaat-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg