Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа?

Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мобилниот телефон или компјутерот, а преку нив и секој друг уред во домот. Се смета дека овој чип во голема мера ќе придонесе за подобрување на начинот на живот на лицата со парализа.

mask-go-vgradi-prviot-chip-vo-chovechki-mozok-zoshto-ova-e-najvazhno-za-lugjeto-so-paraliza-01.jpg

Милијардерот Илон Маск во понеделникот (29.01) на социјалните мрежи објави дека неговата компанија Neuralink  за првпат во историјата вградила чип во човечки мозок и дека пациентот заздравува добро.

„Првичните резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и пациентот добро закрепнува“, објави Маск.

Нервните импулси се активноста на невроните, што може да се опишат како ќелии што користат електрични и хемиски сигнали за да испратат информации во мозокот и во телото.

mask-go-vgradi-prviot-chip-vo-chovechki-mozok-zoshto-ova-e-najvazhno-za-lugjeto-so-paraliza-02.jpg

Со помош на новиот чип на Маск, овие нервни импулси ќе се праќаат до мал компјутер кој ќе им помогне на луѓето само со мислите да извршуваат сложени функции, а според The Guardian, тоа ќе биде од огромно значење за лицата со парализа коишто ќе можат само со мислите да „поместуваат предмети“.

mask-go-vgradi-prviot-chip-vo-chovechki-mozok-zoshto-ova-e-najvazhno-za-lugjeto-so-paraliza-03.jpg

Првиот производ на Neuralink ќе се вика „телепатија“, а тој е составен од ултра тенки конци кои со помош на робот хирург се вградуваат во мозокот на човекот.

Првичната функција на чипот ќе биде да снима и да испраќа сигнали до апликацијата, со цел на луѓето да им се овозможи да го контролираат курсорот на компјутерот или тастатурата, користејќи ги само сопствените мисли.

mask-go-vgradi-prviot-chip-vo-chovechki-mozok-zoshto-ova-e-najvazhno-za-lugjeto-so-paraliza-06.jpg

Со помош на овој производ, лицата што имаат парализа или друг вид попреченост ќе можат да ги контролираат компјутерите или мобилните телефони, а преку нив и секој друг уред што може да се контролира со нивна помош.

За потсетување, во септември компанијата на Маск доби одобрение од Американската агенција за храна и лекови да почне да го тестира производот на кој се работело со години наназад.

mask-go-vgradi-prviot-chip-vo-chovechki-mozok-zoshto-ova-e-najvazhno-za-lugjeto-so-paraliza-05.jpg

Прочитајте и Илон Маск го претстави мозочниот имплант со којшто ќе можете да ја контролирате технологијата

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го гледате вечерашното целосно затемнување на Месечината? Вечерва, почнувајќи од 19:30 часот, на небото ќе можеме да го видиме целосното з...
7 органи без кои можеме да преживееме (донекаде) Знаевте ли дека е возможно човек да живее без желудник? А, дека може да преживее...
Што е „супер Ел Нињо“, феноменот кој може да ни донесе многу жешко лето (и каква штета би предизвика... Ел Нињо е феномен кој се случува на површината на Тихиот Океан, а има глобално в...
Астронаутите од Артемида 2 безбедно се вратија на Земјата, по патувањето до Месечината Синоќа, околу два часот по полноќ (по македонско време) четворицата астронаути о...
Како изгледа животот на астронаутите во минијатурната капсула, на патот до Месечината? Имаат неколку опции за храна, како оброци со месо и зеленчук кои се дехидрирани....
Успешно полетување, но мали проблеми со тоалетот: Како помина лансирањето кон Месечината? (фото+виде... Синоќешното лансирање на Артемида 2 помина беспрекорно, а сега, неколку часа под...

Најчитани неделава