Ристо Самарџиев: „Чили Вили“ од реге песна заврши на шлагерски фестивал

Викендов Стрезо вози, Ристо Самарџиев ја пее „Чили Вили“ во новата епизода од TVTaxi28

risto-samardzhiev-chili-vili-od-rege-pesna-zavrshi-na-shlagerski-festival-01_copy.jpg

Темата во третата епизода на шоуто ТВ Такси 28 е „Која е мојата супер вештина?“, а Стрезо, Стефан и Ана истражуваат дали е една професија за цел живот и колку храброст треба за промена од професор по француски да се стане веб дизајнер, од машински инженер - HR професионалец. 

Меѓу гостите во епизодата е и Ристо Самарџиев кој се потсетува на „Чили Вили“, хитот од 1987 година кој ја одбележа неговата кариера. 

risto-samardzhiev-chili-vili-od-rege-pesna-zavrshi-na-shlagerski-festival-02.jpg

„Јас тогаш се поистоветив со таа песна и со тој лик, кога ми се јави Славе Димитров и ме покани да пеам на Макфест. Претходно бев рокер, а 2-3 месеци пред тоа заврши приказната со Хаос ин Лаос. Ми се јави и малку ме залажа со тоа што демо снимката на Чили Вили беше буквално реге песна, а јас бев, и сé уште сум голем фан на реге музиката. Подоцна од Чили Вили испадна нешто друго, не баш реге. Јас со еден регаџиски и рокерски занес настапив на сцената и тој настап им беше прилино интересен на сите оние шлагерџии“ - се потсетува Самарџиев. 

Ристо е пред сé музичар, но открива дека се занимавал и со трговија, а напредувал во професијата зад камерите постојано стекнувајќи нови вештини. Денес е уредник на најгледаната национална телевизија. Признава дека му требало доста време да премине од пенкало на компјутер поради некој отпор, но сепак дигиталниот свет е тука за да остане, за што е доказ USB -то со партизански песни што ги слуша во кола. 

Фактот дека ужива во својата креативна работа, според Ристо е неговата супермоќ но кога го слушате добивате впечаток дека токму музиката е неговата супермоќ. Не ја пропуштајте новата „луда вожња“ на ТВ Такси 28 на која се потпевнуваат „Дирлада“ и „Снежо, Снежана“, а падна и договор за охридско дуетче. 

risto-samardzhiev-chili-vili-od-rege-pesna-zavrshi-na-shlagerski-festival-03.jpg

Дали Ристо Самарџиев сé уште може да ја отпее Чили Вили од Ц кога Стрезо е ди-џејот, дознајте во сабота на МТВ во 9.30 или во понеделник на Јутјуб

Погледнете ја претходната епизода

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg