Httpool на Aleph стана претставник во Централна и Источна Европа за поддршка на Microsoft Advertising

Скопје, 24.08.2023: Httpool на Aleph, екосистем на глобални дигитални експерти што поврзуваат илјадници огласувачи со милијарди корисници, има задоволство да ви соопшти дека е избран за претставник на Microsoft Advertising во 23 земји низ Централна и Источна Европа (ЦИЕ) и други избрани европски пазари*, за да ги развие кампањите на Microsoft Advertising, преку search, audience и shopping продуктите.

httpool-na-aleph-stana-pretstavnik-vo-centralna-i-istocna-evropa-za-poddrska-na-microsoft-advertising-01.png

Со овој договор, кој важи од 1 септември 2023, огласувачите и агенциите во регионот ќе можат да ги користат решенијата и искуствата на Httpool на Aleph, кои комбинираат рекламни решенија и увид на регионалните дигитални експерти, со цел развивање на рекламните кампањи на Microsoft. Оваа соработка му овозможува на Httpool на Aleph да им обезбеди на клиентите пристап до пребарувачката алатката (search engine) Bing на Microsoft, пребарување на Microsoft Advertising (Microsoft Advertising's Search) и Мрежите на корисници (Audience Network), а отсега и на Microsoft Edge, креирајќи разновидни, висококвалитетни искуства, како за корисниците, така и за оние кои се рекламираат.

Microsoft е на врвот на иновативноста, вклучувајќи напредна AI технологија на својата рекламна платформа со цел да им обезбеди квалитет на корисниците на реклами.

Овој договор се надоврзува на веќе изградената и успешна врска во Јужна Америка и на Карибите, не вклучувајќи го Бразил, кој, годинава, почна малку порано. Со цел создавање на можности за раст на огласувачите, но и на агенциите низ целиот свет, Httpool на Aleph, исто така, вложи и во неговите продажни и оперативни тимови посветени на Microsoft, што на клиентите им обезбедуваат персонализиран увид во медија-планирањето, стратегија кон публиката и ефективна оптимизација на кампањи.

Httpool на Aleph ќе го понуди своето сеопфатно искуство и познавање на индустрија и платформата во ЦИЕ (Централна и Источна Европа) и останатиот дел на Европа со цел да овозможи креирање на влијателни локални кампањи од страна на огласувачите и агенциите.

Тоа, бездруго ќе ја олесни наплатата на локалните пазари на кои работи, преку плаќања во странство и други начини на плаќање на Aleph, со рационализација на операциите за огласувачите и агенциите.

На среден рок, Httpool на Aleph, планира да ги зголеми тимовите посветени на Microsoft во ЦИЕ (Централна и Источна Европа) и евентуално да направи нови можности во регионот, за поддршка на целосната стратегија  за развој на Httpool на Aleph. Неговата соработка со Microsoft ќе го прошири портфолиото на Httpool на Aleph во Европа, создавајќи долготрајни можности за раст на компанијата, истовремено постигнувајќи значајни резултати за огласувачите и агенциите на платформата на Microsoft.

„Microsoft Advertising е почестен што се вклучува со Httpool на Aleph во услови на растечка продажба и маркетинг-соработка во Централна и Источна Европа и другите избрани европски пазари.

Httpool на Aleph носи исклучителна локална експертиза и менаџирање на односите што ќе им овозможат на огласувачите и агенциите комплетно да се поврзат со платформата на Microsoft Advertising, и да допрат до нашата уникатна растечка публика од над милијарда корисници на Windows, Bing, Bing Chat, Xbox, Outlook, Microsoft Start и нашата надворешна огласувачка мрежа.“ - изјави Mark Richardson, регионален заменик-претседател за Европа, Среден Исток, Африка и Јужна Америка на Microsoft Advertising.

„Среќни сме што ќе ја прошириме нашата врска со Microsoft Advertising и ќе им овозможиме на нашите клиенти во Централна и Источна Европа и другите избрани европски пазари да направат впечатливи кампањи преку користење на услугите и искуствата на понудата на Microsoft – вклучувајќи ги и иновациите на AI. Ова ќе создаде нови можности за нашите клиенти во регионот со што ќе ја продлабочат соработката со консументите и ќе овозможат поддршка во нивниот развој.“ – рече Јане Бајалџиев, управител на Httpool на Aleph во Македонија.

Откриј ги можностите: Microsoft Advertising те поврзува со повеќе од милијарда луѓе, во вистинските моменти во текот на работата и животот. Со повеќе од 13 милијарди пребарувања месечно, ефикасноста на Microsoft Advertising преку Windows и PC вклучува речиси 700 милиони PC пребарувачи месечно низ целиот свет, на 187 пазари. Во Европа, има околу 3.1 милијарда пребарувања месечно со 170 милиони PC корисници кои пребаруваат на 45 пазари.

Ако имате прашања или сакате директно да контактирате со Httpool на Aleph, Ве молиме пишете ни на следнава адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

*= Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Исланд, Латвија, Литванија, Луксембург, Македонија, Малта, Црна Гора, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија

Httpool на Aleph прашања
Adam Bezeczky
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Aleph Group прашања преку Hudson Sandler LLP
Andrew Leach, Andrew Richards, Adam Joste-Smith
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
(+44) 20 7796 4133

За Httpool на Aleph

Httpool на Aleph, заедно со светската мрежа на регионални компании на Aleph, претставува водечка медиумска дигитална платформа во Централна и Источна Европа, во повеќе од 130 земји низ светот, поддржувајќи го нивниот развој и растечки деловни достигнувања во дигиталното рекламирање. Како поддржувачи на нашите партнери на новите и веќе постоечки пазари, вработуваме локални и посветени тимови од сферата, професионалци и експерти за платформите. Нашите искусни експерти, работат рамо до рамо со корисниците на рекламирање, а преку едукација им помагаат во создавањето и спроведувањето на дигиталните кампањи.

Со иновативен сет на сопствена технологија, решенија за остварување и широко познавање на пазарот, во комбинација со неограничените опции за плаќање во странство и други платежни решенија, Httpool на Aleph им дава можност на огласувачите да се поврзат со својата публика на најуспешен начин, постојано зголемувајќи го нивниот поврат на капиталот (ROI). Преку остварената меѓусебна соработка и добивка во нашите глобални мрежи станавме предводници во индустријата, овозможувајќи им на нашите клиенти да си постават нови граници и референтни точки во достигнувањата.  

Светските најистакнатите медиумски и социјално базираните платформи, вклучувајќи ги Meta, Twitter, TikTok, Snapchat, Spotify, Reddit, Twitch, Brainy и други, го избраа Httpool на Aleph за нивен авторизиран партнер за продажба во избраните региони. Брендовите на Aleph претставуваат повеќе од 45 големи светски платформи во повеќе од 130 земји. Нашиот тим зборува повеќе од 60 јазици со цел да претстави и води десетици илјади бизниси на светските платформи. Водиме сѐ, од рекламирање на најпознатите светски гигантски социјални медиуми, до интернационални плаќања со 49 локални валути. Секој пазар е вреден за запознавање, за пораст, а со Aleph може да се освои и светот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg