Со новото утро се појави и новиот изглед на Жито Лукс

Во облик на златна круна што се создава од житен клас се претстави новото лого на Жито Лукс. Концептот на кој е развиен новиот визуелен идентитет на компанијата, новото лого и новите дизајни на сите пакувања е инспириран од фактот што со секој нов ден започнува и мисијата на доставувачите на свежиот леб кои го будат секој град, село, улица...

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-01.jpg

Боите во логото и во идната комуникација на брендот се поистоветуваат со волшебната златножолта боја на сонцето како симбол на раѓање на денот и на бојата на лебот како основен прехранбен производ.

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-08.jpg

Динамиката претставена во логотипот ја отсликува желбата на компанијата за постојано движење во насока на позитивни мали и големи промени што дополнително ќе овозможат раст, развој и просперитет.

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-02.jpg

Енергијата што зрачи од новите пакувања има за цел дополнително да го нагласи врвниот квалитет на производите како предуслов за задоволни и лојални потрошувачи на кои Жито Лукс ќе им биде прв и единствен избор.

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-06.jpg

„Ова е голем чекор за нас во правец на модернизација на изгледот на брендот, доближување до новите генерации купувачи и развој на категориите во кои сме докажани лидери. Во сите елементи што го отсликуваат нашиот нов визуелен идентитет сакавме да ја нагласиме симболиката но и да ја задржиме традицијата што се гради веќе 78 години од многу генерации кои со својата работа и труд успеаја да создадат бренд што е симбол за квалитет и доверба. Комуникациската кампањата и главната порака #ДeнесЕДенот треба да биде инспирација за секој човек да се издигне над предизвиците и да направи позитивна промена во животот што ќе му донесе поголема среќа и задоволство”, изјави маркетинг и шопер маркетинг директорот на Жито Лукс, Антоанела Петровиќ.

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-07.jpg

Новиот изглед, логото и пакувањето на производите, Жито Лукс ги претстави пред новинари, креатори на јавното мислење, вработени и дел од потрошувачите.

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-03.jpg

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-09.jpg

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-04.jpg

so-novoto-utro-se-pojavi-i-noviot-izgled-na-zhito-luks-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg