„Се чекаме пред Ристиќева!“ – приказна за културната ренесанса и последното скопско корзо

Во срцето на главниот град, каде историјата шепоти низ секој шум на старите липи и чува илјадници први бакнежи, разделби, големи прослави и ревносни говори, лежи доказ за издржливоста и величественоста на Скопје - епитомот на архитектонската елеганција - палатата Ристиќ. Симфонија на европскиот раскош и елеганција, ова славно здание стои високо, сведочејќи за бурното минато на градот и ветувачката иднина.

se-chekame-pred-ristikjeva-prikazna-za-kulturnata-renesansa-i-poslednoto-skopsko-korzo-01.jpg

Се сеќавате ли на приказните на вашите баби за старото скопско корзо? За срамежливите погледи, шармантните насмевки и украдените бакнежи под ѕвезденото небо?

За неделното матине и бескрајните игранки на кои почнале најубавите скопски љубовни приказни? Токму јадрото на сите овие случувања, била Ристиќевата палата – почетокот и крајот на приказните за златното време на старо Скопје.

Но, тука се и приказните од нашето време – се сеќавате на новогодишната еуфорија кога бевте деца?

Ристиќева палата се уште ги чува желбите кои му ги шепотевте на Дедо Мраз кој трпеливо ве чекаше на скопскиот плоштад. Или првпат кога бевте „на пијачка во град,“ се чекавте пред Ристиќева зар не?

se-chekame-pred-ristikjeva-prikazna-za-kulturnata-renesansa-i-poslednoto-skopsko-korzo-02.jpgфото: Музеј на Град Скопје

Бескрајните бели ноќи и првиот состанок, додека копнеевте за љубов како од бајките, а во позадина звуците на акустичните бендови токму пред неа сонуваа за големите соништа.

И додека утринското сонце ги фрла своите златни нијанси над Скопје, не може, а да не се најдете маѓепсани од овој архитектонски скапоцен камен.

Додека градот уште спие, се прашуваме колку приказни се врежани во нејзините ѕидови? Колку наши средби и разделби сведочела?

Чекорејќи низ големиот влез, ве обвива чувство на безвременост, небаре одгласите на минатите достоинственици и тајните разговори струјат сè уште во воздухот.

Познатата Ристиќева палата својата приказна ја започнува во првата половина на 1925 година за веќе во 1926 година гордо да застане исправена во целата својата величественост.

Проектот е дело на архитектот Драгутин Маслаќ, додека фигурите на Ескулап и Хигија заедно со иницијалите В.Р. на сопственикот Владислав Ристиќ, ги изработил Данило Стојковиќ.

Кој бил Владислав Ристиќ?

Богат и мудар фармацевт, за кој се вели дека бил исклучителен перфекционист. Сакајќи го само најдоброто за себе, тој не дозволувал ништо помалку од совршенство за платата која ја градел.

Хроничарите од тоа време велат дека се залагал да се набави најквалитетниот градежен материјал.

Ѕидовите биле посебно засилувани со цврста железна арматура. Токму затоа не е ни чудо што ова архитектонско дело ја има преживеано големата поплава во Скопје и земјотресот од 1963.

Желбата на Ристиќ била да изгради споменик кој ќе говори за него. Несомнено успеал во тоа!

se-chekame-pred-ristikjeva-prikazna-za-kulturnata-renesansa-i-poslednoto-skopsko-korzo-05_copy.jpgфото: Наташа Велковска

Првиот лифт во Скопје

Дека Ристиќ бил визионер, зборува и сензацијата која ја донел во Скопје - бил донесен првиот лифт во градот.

Лифтот бил од германско потекло и од марката „стиглер“, тој бил изработен од борово дрво, збогатен со фурнир и лајсни од ореово дрво и со носивост до 320 килограми, за четири лица.

Лифтот верувале или не беше во употреба се до 2011 година, кога со одлука на станарите истиот е подарен на Музејот на градот Скопје.

Но, освен лифтот, со платата била донесена и уште една иновација – при изградбата на палатата, од нејзините темели избило вода, заради близината на Вардар.

Решението било едноставно - сопственикот Ристиќ веднаш изградил бунар, и со специјална пумпа и спроводни цевки водата била насочена до цистерната на покривот од зградата.

Така, водата можела да се користи во внатрешноста на објектот без потреба да се излегува надвор од него.

Лабораторија за опиум, аптека, штедилница

Ристиќева Палата била всушност една од најголемите лабаратории во која се преработувал, рафинирал квалитетниот македонски опиум со кој се снабдувал голем дел од Европа.

Во основата на палатата биле сместени раздвижените работни комори и аптеката на Ристиќ (денес на истото место се наоѓа книжарницата „Култура“), додека на првиот кат се наоѓала резиденцијата на семејството Ристиќ.

Горните катови биле резервирани за Поштенската штедилница, значаен центар на деловните потфати на Ристиќ.

Ова архитектонско ремек дело стои како светилник на надежта, премостувајќи ја бездната помеѓу минатото и сегашноста, традицијата и иновациите.

Старото корзо, игранките, европската мода од ‘30тите и познатите скопски шлагери.

Архитектурата на која до ден денес се восхитуваме. Стои како чувар на нашето детство, во себе ревносно ги чува и звуците на акустичните бендови кои токму пред неа сонуваат големи соништа.

За надежта, за спомените и за иднината. Да наздравиме за нас, за Скопје и за приказните кои остануваат!

se-chekame-pred-ristikjeva-prikazna-za-kulturnata-renesansa-i-poslednoto-skopsko-korzo-03.jpgфото: Пивара Скопје

Текстот е дел од рубриката што ја реализираме во соработка со Скопско во рамки на платформата за општествена одговорност за заштита на македонските природни и културни обележја „Наша гордост. Наша одговорност.“

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg