Со A1, сигурноста трае подолго од гаранцијата

Секој уред има свој ритам. Телефонот што тивко не буди секое утро, телевизорот што станува центар на семејните вечери, лаптопот што ја носи работата надвор од канцеларијата и во домот. Технологијата е постојано присутна, речиси невидлива во својата сигурност, се додека еден ден не запре. И токму тогаш, кога фабричката гаранција ќе истече, на сцена стапува неизвесноста.

so-a1-sigurnosta-trae-podolgo-od-garancijata01.jpg

Токму оваа реалност ја препознава A1 Македонија, која во партнерство со Триглав Осигурување воведе нова услуга што ја нарекоа „Продолжена гаранција“. Таа е создадена не само како логично продолжение на фабричката заштита, туку како одговор на потребата за подолгорочна сигурност и спокој во секојдневното користење на технологијата. Наместо гаранцијата да заврши со последниот ден од обврската на производителот, A1 ја продолжува уште 24 месеци, токму тогаш кога корисниците најчесто остануваат сами со ризикот.

Кога почнува да важи?

Продолжената гаранција започнува веднаш по истекот на фабричката и обезбедува заштита од неочекувани трошоци за сервисирање и поправка. На тој начин, технологијата останува сојузник, а не потенцијален извор на стрес и непланирани финансиски издатоци. Корисниците добиваат предвидливост, чувство на контрола и слобода да ги користат уредите без постојана грижа што ќе се случи „ако нешто тргне наопаку“.

На кои уреди се однесува?

Она што ја издвојува оваа услуга е нејзината широчина. Од мобилни телефони, компјутери и смарт уреди, до телевизори, аудио и видео опрема, па се до електрични тротинети и велосипеди, бела техника, апарати за греење и ладење, фотоапарати, камери и прочистувачи на воздух , A1 создава едно централно место каде што поголемиот дел од уредите што го обликуваат секојдневието можат да бидат заштитени.

Колку чини?

Сигурноста, при тоа, е внимателно поставена да биде и достапна. Месечната претплата е прилагодена според вредноста на уредот и започнува од 59 денари за уреди со цена до 30.000 денари, изнесува 99 денари за уреди во средниот ценовен сегмент, додека за уреди со повисока вредност над 60.000 денари изнесува 149 денари месечно, со вклучен ДДВ. Мал, предвидлив износ што заменува потенцијално значителен трошок.

За кои корисници важи?

Услугата е наменета за сите приватни и деловни пост-пејд мобилни и фиксни корисници на A1 кои купиле уред во продажните салони на компанијата. Активирањето може да се направи при самото купување или во рок од 30 дена, а месечната претплата се интегрира во редовната сметка без дополнителна администрација и компликации.

Продолжената гаранција ги опфаќа истите елементи како и фабричката заштита, вклучувајќи производни дефекти, материјални недостатоци и грешки во производството. Така, сигурноста не се прекинува, туку трае континуирано низ целиот период на користење.

Со оваа услуга, A1 Македонија уште еднаш ја потврдува својата улога не само како технолошки провајдер, туку како партнер што размислува долгорочно затоа што технологијата не завршува во моментот на купување, туку во чувството дека некој мисли и на денот потоа.

Најчитани неделава